Најчудни закони за пиво во светот

26.02.2014 09:24
Најчудни закони за пиво во светот

Нигерија

Во Нигерија е забранет увозот на пиво, како и неговото производство. Но, ако некаде сепак го најдете или купите, можете слободно да го испиете, само ако сте постари од 18 години.

Небраска

Во оваа американска држава важат неколку необјасниви закони за пиво, меѓу кои и оној дека е нелегално да продавате пиво на приватен имот, ако притоа не правите лонец чорба. Пивопијците иронично коментираат: во законот не е објаснето дали истото важи и во случај да го подгревате ручекот од претходниот ден.

Алјаска и Охајо

На Алјаска е забрането да им давате пиво на лосовите, веројатно затоа што не поднесуваат алкохол. Меѓутоа, во Охајо е сосема во ред да го споделите пивото со некоја риба, под услов да не ја опиете.

Ајова

Ако планирате да пиете пиво во кревет со сопругата за да се опуштите, водете сметка да не земете повеќе од три голтки, бидејќи во спротивно ве чека парична казна.

Русија

До пред неколку години, пивото не се сметаше за алкохолен пијалак во Русија, бидејќи процентот на алкохол во пивата беше помал од 10 отсто. Пивото важеше за прехранбен производ и можеше да се продава во секое време од денот и да се пие во јавност. Иако последниве години законите се построги, забраната за конзумирање и продажба на алкохол на лица помлади од 18 години и понатаму се толкува многу растегливо.

Канада

Во регионот Саскачеван во Канада е забрането да се пие вода со кригла пиво, но тоа не важи и за другите делови од државата.

Тексас

Своевремено, во Тексас било забрането да се поседува енциклопедијата Британика, бидејќи во неа можел да се најде рецепт за производство на пиво дома.

Австралија

Во Западна Австралија важи крајно бизарен закон: забрането е да се шмрка лименка пиво меѓу гради. Казната за оние кои ќе го игнорираат правилото е 1.000 австралиски долари.

Извор: 6yka.com

Слични содржини

Технологија / Живот / Уживање / Историја
Активизам / Уживање

ОкоБоли главаВицФото