Кои новоотворени работни места?!

26.02.2014 13:46
Кои новоотворени работни места?!

Зедов деновиве, во духот на владиниве „роуд-шоуа”, као демек идат – ги просветлуваат странциве - еве ние сме најдобри, имаме милион отворени нови работни места, и така си чепкам по страничкиве за да (не/не можеш да) најдеш работа, па уште фраери, ставиле премиум огласи.

Мавам кликови, чисто ради-реда, и таман онаму каде што ќе видам дека е потребна само диплома од факултет, што би рекле тие university degree, те мава онака реформаторски, преродбенички шок. Је*оте, овие новиве инвеститори да ти бараат најмногу работници со работно искуство. Ало, еј, одговорен за човечки ресурси во Кавадарци со минимуН две години работно искуство! Па Кавадарци не е Ротердам да има уште 50 други фирми каде што имаат потреба од раководители на сектор за ЕЈЧ-АР(HR), па да може да се прават трансфери.

Ама нејсе, си викам, и така се местени, па што има јас да им се замарам. Арно ама, ми иде друг момент во главава. Тоа се отворени нови работни места, во превод - тука ќе се вработат невработени кои долго време немале работа или во подобар случај луѓе кои никогаш не работеле. Што во превод значи дека ако до вчера имало, да речеме, 450.000 работни места во Македонија, со овие баснословни новонајавени работни места би требало да има 452 000, (и да речеме дека е ова минимум, зашто најавија 20.000 нови). Е сега, како ќе има новоотворени места, кога добар дел од компаниите бараат луѓе со искуство. А најчесто луѓе со искуство веќе работат на тие позиции во други компании. И да речеме дека прават трансфер ваму, а тоа значи дека од фирмата од која што си отишле, нема да бара нов човек, затоа што на нив пак ќе им биде тешко да најдат некој со искуство, па така некој што подолго работи слични работи во таа фирма ќе го префрлат на испразнетото место - ем тој ќе добие повеќе работа, ем фирмата ќе скрати на трошоци. Вака само ќе добие удар и онака удрениот пазар на труд кај нас. АМА ОВА Е ВО СЛУЧАЈ ДА СЕ ОВИЕ МЕСТА НЕНАМЕСТЕНИ (yeah right ;) ). Што викаат, ако коза лаже, рог не лаже. Аргументи во прилог:

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Значи, од седум понудени работни места, на сите 7 бараат работно искуство. На оние што не бараат, огласите можат да се најдат во штаб, ако евентуално и таму се објавени. Ај што џабе си учел школо, па и ако си оптимист и за некоја година станеш магистер, туку кога и ќе налеташ на оглас, каков било, за кој не бараат особено стриктно образование, во старт те убиваат со платата.

Едно време имав обичај да разговарам со луѓе кои не се од Скопје, ги прашував зошто после завршување на факултетот не аплицираат во фарбиките што ги отворија у нивните градови, зашто нели, цела влада се испослика и испофали дека има нови работни места, нов живот за тие луѓе и градови и сл. Сите до еден ми дадоа две исти образложенија, првото сосема јасно - книшка (иако рака на срце примаат и луѓе без книшка, али веројатно не повеќе од 30-40% од сите вработени), а второто, ќе ги цитирам: „Што, да работам за 9-10.000 во три смени?“ Колку и да не се согласувам со тезата дека е подобро во Скопје за 15.000 отколку каде било на друго место за 10.000, сепак луѓето се во право.

Да завршиш електро, ФИНКИ, економски, правен и сл. и почетна плата да ти биде 9 000? Зошто? Затоа што нашиве им кажале дека овде има евтина работна сила? Затоа и сами од себе пропаѓаме во бездна. Мала среќа е што во скопскиве новоотворени фабрики се земаат посолидни плати, ама како некој да мотивираш некого од Битола, Кавадарци, Велес и сл. да аплицира за работа, кога знае дека почетна плата му е 9000? Па подобро во кладилница ќе работи за 12.000, ем нема да мора да станува во 6. А секоја чест за тие што кркнале добри плати во овие нови фабрики надвор од Скопје. Сепак, не е секој „роден“ за обичен „радник“.

Во цела оваа боранија, искрено сакам да верувам дека ова се само почетни плати и дека за три месеци ќе одат до 200 евра, па за една година до некои минимално подносливи 250 евра, иако реално овде и со 400 евра не се преживува, па макар човек живеел и во најмалиот град во Македонија. За жал, станавме земја во која многу сограѓани го продадоа достоинството за 8-9.000 денари, со надеж дека ако ништо друго, нема да лежат дома во депресија, туку ќе утепаат 8 саати во денот и ќе можат еднаш месечно да се „почастат“ во кафана.

Не дека и народот нема вина за ова ова, ама за тоа во некоја следна прилика.

Сѐ на сѐ, со среќа на тие што бараат работа. Ако не, интернетот е релативно евтин денес, па може „недостоинствено“ да се утепа остатокот од денот. Среќа доаѓа пролет, па депресијата ќе ја замениме со „лажливово“ сонце.

Извор: 23ka.wordpress.com