Во Музејот на восочни фигури се собираат потписи за Иванов

26.02.2014 15:01
Во Музејот на восочни фигури се собираат потписи за Иванов

Скопје, 26 февруари 2014

Македонските граѓани масовно собираат потписи за поддршка на кандидатурата на Ѓорге Иванов, во просториите на Музејот на восочни фигури на кејот на реката Вардар, веднаш до стариот театар.

Иако Иванов ќе се обиде да стане претседателски кандидат на конвенцијата на ДПМНЕ, за секој случај, како резервна варијанта, ќе се собираат и 10.000 потписи за негова кандидатура.

Иницијативата за собирање потписи за претседателска кандидатура на Иванов ја започнале самите восочни фигури од Музејот, кои воедно и први се потпишале.

„Претседателот Ѓорге Иванов е најславната фигура од сите нас и логично беше да го поддржиме за втор мандат“, вели една од восочните фигури во Музејот.

Таа додава дека не е исклучено во иднина, кога ќе заврши евентуалниот втор мандат на Иванов, некоја друга восочна фигура да си ја проба среќата, било како независен кандидат, било како кандидат на ДПМНЕ.

Слика: Свирачиња