Дебата „Спомениците и политиката: Дали „Скопје 2014“ е културен или политички проект?“

27.02.2014 12:48
Дебата „Спомениците и политиката: Дали „Скопје 2014“ е културен или политички проект?“

На 28 февруари 2014 (петок), во ГЕМ клубот со почеток во 11 часот, Фондацијата Отворено општество - Македонија и ОКНО ќе одржат дебата на тема „Спомениците и политиката: Дали Скопје 2014 е културен или политички проект?“.

Гостин на дебатата ќе биде хрватскиот историчар на уметност, поет и есеист Звонко Маковиќ кој ќе говори за неговото видување на Скопје 2014. Модератор на настанот ќе биде Никола Гелевски.

Професор на Отсекот за Историја на уметност при Филозофскиот факултет во Загреб и член-соработник на Хрватската академија на науките и уметностите, Маковиќ и е познат на јавноста по жестоките критики во врска со контрадикторното поставување на бистите на Људевит Гај и Мајка Тереза во центарот на Загреб во 2008 односно 2009 година. Тој реагираше околу критериумите според кои се бираат авторите на овие споменици, односно дали овие дела ги оценуваат историчари на уметност и урбанисти, или сè е одлука на самоволните градски и партиски татковци. Во интервјуто за неделникот Глобус во 2009 година, овој познат историчар на уметност изјави: „Секогаш зборувам дека сите тие споменици не се споменици на оние личности на кои им се посветени, туку тоа се споменици на оние личности кои ги поставуваат. Значи, добар споменик на јавно место значи добра градска власт, а лош лоша власт. Кичот во политиката и во културата на власта, совршено се препознава во кич спомениците.“

Слични содржини

Јавни Простори / Култура
Книжевност / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото