Сања Раѓеновиќ Јовановиќ: Архитектите не молчеа за СК 2014

28.02.2014 15:09

Интервју со архитектката Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседателка на сојузот на архитекти која говори за реакциите на архитектите во однос на проектот Скопје 2014, за глувоста на власта кон нивните забелешки и ставови, за бруталната промена на градот и за уништувањето  на објектите и спомениците од периодот на модерната.

-         -Институциите останаа глуви на нашите барања.

-         -Архитектите немаат соговорник, немаат со кого да направат дијалог.

-         -Се плашат луѓе кои што имаат што да изгубат и се плашат оние кои што можат да бидат уценети, а луѓе на кои им е одземена работата, стручноста, фирмите, достоинството, тоа се архитектите и тие луѓе нема од што да се плашат, бидејќи ним  им зедоа сè што можеше да им се земе.

    -Народ што го негира сопственото минато, гаи презир кон моралните вредности и кон она што има светски вредности, тој народ нема свој интегритет.

-      - Ние покажуваме непочитување кон самите себе.