Разговор со Звонко Маковиќ

01.03.2014 11:23
Разговор со Звонко Маковиќ

На 28 февруари во ГЕМ клубот Фондацијата Отворено општество - Македонија и ОКНО одржаа дебата на тема „Спомениците и политиката: Дали Скопје 2014 е културен или политички проект?“.

Гостин на дебатата беше хрватскиот историчар на уметност, поет и есеист Звонко Маковиќ, кој го искажа својот остар критички став за проектот Скопје 2014. Дискусијата ја модерираше Никола Гелевски.

Подолу може да погледнете видео снимка од целиот разговор.


-Не станува збор за културен туку за политички проект, кој нема никаква врска со уметноста, ниту со естетиката, тоа е вулгарна естетика, тоа е ноторен кич, но, пред се’ тоа е политички кич кој го покажува самоволието на власта, која наспроти стручната јавност го спроведе својот политички проект.

-Шизофрено е да се измислува некоја стварност што не постои, како што не постои бетонска галија. Како што никогаш не постооеле галии на реки, ниту на Дунав кој е поголема река од Вардар. Ниту на Рајна немало никогаш галии. Според тоа, се работи за една лага и како што се лаже во материјалот.

-А тука, сосема сигурно некој има голема материјална корист. Вие немате патишта, тротоари училишта и зошто тогаш да се градат вакви ообјекти со ваши пари. Јас ја проучувам идеологијата на нацизмот, доктрината на Хитлер која ја унакази Германија, кога власта, властодржецот директно диктирала како ќе изгледа Германија.

Слични содржини

Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото