INVELOX: нов генератор кој собира 600% повеќе енергија од ветерот

03.03.2014 10:27
INVELOX: нов генератор кој собира 600% повеќе енергија од ветерот

Американската компанија SheerWind неодамна го претстави својот најнов производ кој би можел да доведе до нова револуција на пазарот на обновлива енергија, да го намали степенот на загаденост и евентуално да ја „поправи“ штетата која со години човекот ја нанесува на природата во потрага по разни извори на енергија.

Нивниот најнов производ INVELOX - агрегат на ветер со повеќе тунели, може да произведе дури 600% повеќе енергија во однос на традиционалите, односно постоечките агрегати на ветер, а освен тоа, значајно го намалува негативното влијание на околината и животните. Компанијата наведува дека по опсежното истражување на терен, INVELOX „значително ги надминува традиционалните електрани“ и би можел да ги намали трошоците за инсталација на помалку од 750 долари по киловат час.

Енергетскиот систем INVELOX работи така што го „фаќа“ воздухот прекu големите отвори на врвот, а потоа го стеснува просторот и така природно го забрзува. Oд SheerWind тврдат дека нивните агрегати на ветер можат да работат дури и на брзина на ветерот од една милја на час, што ги урива сите рекорди, и отвора можност ветерот да се претвори во енергија и на места на кои тоа досега било незамисливо.

„Овие возбудливи супериорни перформанси во однос на традиционалните електрани на ветер и конкурентноста во однос на природните гасови и хидроенергијата веќе предизвикуваат значителен интерес кај комапниите, владата и експертите“, вели директорот на SheerWind Дариуш Алаеи.

Дизајнот на INVELOX го прави погоден за големи ветро-паркови, како и за мали фарми. Од компанијата велат дека тестирањето на терен покажало и значаен еколошки придонес - уредот убил далеку помалку птици од традиционалните електрани на ветер и создава помала врева. Според пресметките на компанијата, овој систем може да се покрене и без субвенции на владата, а повторно да биде профитабилен.

Извор: pixelizam.com

ОкоБоли главаВицФото