Милан Ѓурчинов: Промената на градот и историјата не е во интерес на овој народ

04.03.2014 19:40

Интервју со aкадемик Милан Ѓурчинов, кој раскажува за животот во Скопје пред војната, за личните искуства за време на земјотресот, за активното учество во обновата на културниот фонд, за општественитe промени, за модернистичката архитектура и за најновите промени со проектот Скопје 2014 и неговото влијание во културата и општеството.

-Јас од најрани години сум врзан со асфалт и некаков урбан амбиент.

-Земјотресот ме затекна во Будва, каде што бев на летување со мојот болежлив син. Сопругата и ќерката беа во Скопје. Бев шокиран и не ми се веруваше дека може да се случи таква страшна работа. Преку Белград требаше да се вратам во Скопје. Во Белград во редакцијата на Борба, благодарејќи на помошта на тогашниот уредник Лазар Мојсов, дознав дека моите блиски се живи. Потоа со воз се вратиме во Скопје.

-Земјотресот беше голем миг на отрезнување од сите наши заблуди и примитивизми и голем миг на солидарноста на луѓето од сите краишта на светот.

-Не се колебав и ја прифатив поканата да бидам одговорен за обнова на целиот културен фонд.