Големиот театар

05.03.2014 09:49
Големиот театар

Сите артисти (и артистки) умреа истиот ден, по заповед на Ханот во која се наредуваше тие да бидат, по давењето, мумифицирани под обвивката на сопствениот лик, обложени со восок, нашминкани и костимирани, за да ја сочуваат за идните генерации сликата на драмата и на комедијата онакви какви што беа сакани во таа епоха. Големиот театар е отворен сега само во најстудените утра на годишното време кога живата е за еден кинески нокот под нулата на термометарот поделен на сто степени. Господарите ја почитувале салата која е иста онаква каква што била некогаш, но покривот е урнат од страната на сцената, без за тоа да има причини. Мразниот воздух навлегува, штом ќе се крене завесата, и прави воздушни витли. И така, таму не се оди без бунда, без двојни волнени ракавици, без маска од мачешко крзно на лицето, во партерот или на балконот, додека ложите се напуштени бидејќи во нив црниот костум и голите рамена не престанаа да бидат обврзни. Сега се оди во големиот театар само за да се гледа како паѓа снегот во празнината, врз позадина од пурпур и злато, и за да се слуша шумот на снегулките што леко се спуштаат врз кадифето.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Клеопатра Аурел

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото