1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 03:59
Се вели дека имитацијата е најискрената форма на восхит, но кога станува збор за модната индустрија, обично се смета дека „уметноста“ е во оригиналноста, креативноста, иновативноста, преиспитувањето и предизвикувањето на нормите.
Веќе неколку години, Лајла Рамзи (страсна историчарка на модата) ги истражува паралелите на сите доминантни и големи модни куќи, за да види како нивните нови дизајни црпат инспирација и се повлијаени од модното минато.
Таа редовно споделува слики на кои ги спротивставува современите модни парчиња со ретро дизајнот од пред многу години. Сличностите не можат да се негираат, но многу често наместо да претставуваат некаков омаж за модното минато, креациите повеќе изгледаат како рециклирани стари идеи што се нудат како нови.
Секако дека претставува поголем предизвик да се реинтерпретира стариот дизајн и да се преобрази во нешто различно, наместо да се прифати посигурната опција на повторување на некое дело што некогаш било успешно.
Дали треба да го прифатиме како факт тврдењето дека модата „го краде“ минатото? Или да се помириме со тоа дека дури и во светот на модната креација повеќе ништо не е навистина ново?
Можеби одговор ќе ни понудат бројните слики на кои еден до друг се наоѓаат старите и новите модни дизајни.
Извор: partnouveau.com