За вегетаријанството

07.03.2014 15:44
За вегетаријанството

Не толку одамна, разговарав со еден пензиониран војник, месар, кој беше изненаден од моето тврдење дека е штета да се убива, и зборуваше вообичаени работи за чинот на замонашување. Подоцна сепак се согласи со мене: „Особено кога говедата се мирни, питоми. Ти приоѓаат кутрите, ти веруваат. Тоа е многу жално“.

Ова е страшно! Не страдањето и смртта на животното, туку тоа дека човекот тоа го потиснува во себе, непотребно, тој најголем духовен капацитет- сочувството и сожалувањето кон живите суштетства каков што е и самиот тој - и кршејќи ги сопствените чувства станува суров. Длабоко во човековото срце лежи заповедта да не се одзема живот!

Еднаш, заминувајќи од Москва, ми беше понуден превоз со кочии кои влегоа во Сепуков, во соседната шума, да донесат дрва. Тоа беше четврток пред Велигден. Седев во предниот дел на кочијата заедно со силниот црвенокос кочијаш, кој очигледно имаше пиено. Влегувајќи во селото, видовме како влечат на колење добро ухранета розова гола свиња. Квичеше со ужасен глас, глас кој личи на човечки крик. Токму во моментите кога приоѓавме, почнаа да ја убиваат. Човекот ѝ го распори грлото со нож. Свињата заквичи уште посилно и погласно, се оттргна од човекот и избега облиена во крв.

Бидејќи сум кусоглед, не ги забележав сите детали. Сѐ што водов беше свиња со човечки лик и сѐ што слушнав беше нејзиниот очајнички крик, но кочијашот внимателно набљудуваше и ги виде сите детали. Ја фатиле, собориле и завршиле работа пресекувајќи ѝ го вратот. Кога квичењето престана, кочијашот длабоко воздивна: „Дали луѓето навистина немаат одговор на ваквите нешта?“ - праша.

Толку е силна човековата одбивност спрема убивањето. Но, на пример, со поттикнувањето на алчноста, тврдењето дека Бог го дозволува тоа, и пред сè, дека тоа е по навика, луѓето во потполност го губат ова природно чувство.
Сè што сакам да кажам е дека добриот живот е неопходна низа на добри дела, дека ако човек е сериозен во намерата да живее исправно, неминовно ќе следи една исправна низа, а меѓу првите, тоа ќе биде доблеста, по која следува самоконтролата, самоспречувањето. Во потрагата по самоконтрола, човекот неминовно ќе ја следи и низата чијашто главна алка е самоконтролата во исхраната. И ако навистина се залага за добар живот, прва работа од која ќе се воздржи ќе биде употребата на животните во исхраната; да не зборуваме за будењето на онаа страст која таа храна ја предизвикува; да се храниш на таков начин во основа е неморално, бидејќи го вклучува раѓањето на чинот кој е во спротивност со моралните чувства- убивањето.

„Но, ако погрешноста на таквата исхрана му е позната на човештвото толку одамна, зошто луѓето не го признаа овој закон?“ - ќе се прашаат оние кои се навикнати да ги води јавното мислење, а не разумот. Одговорот на ова прашање е дека моралниот напредок на човештвото - што е темел на секој облик на прогрес - е секогаш спорен. Но, знак на вистинскиот, а не минлив прогрес, е единствено и исклучиво неговата истрајност која овозможува константно забрзување.

Напредокот во вегетеријанството е токму од овој вид. Таквиот прогрес е изразен во вистинскиот живот на човекот, кој поради многу причини неволно преминува од месојадската навика на исхрана базирана на зеленчук, и намерно ја следи истата линија во движењето кое покажува јасна сила и кое расте сѐ повеќе и повеќе, а тоа е вегетеријанството. Ова движење во текот на претходните десет години јасно напредуваше. Сè повеќе книги и списанија на оваа тема се појавуваат секоја година, во странство среќаваме сè повеќе луѓе кои престанале да јадат месо, посебно во Германија, Англија и Америка каде бројот на вегетеријанските ресторани расте од година во година.

Ова движење би требало да предизвика посебна радост кај оние чијшто живот настојува да го доведе Божјото царство на земјата, не затоа што вегетеријанството е важен чекор кон тоа царство (сите вистински чекори се и важни и неважни), туку затоа што е знак на тежнеењето на човештвото кон сериозно и вистинско морално совршенство. Со тоа човештвото ќе го преземе оној непроменлив поредок на наследното и природното врз себе, почнувајќи од првиот чекор.

Оние кои настојуваат да го достигнат повисокиот кат од куќата обидувајќи се да се качуваат без размислување и од различни страни по ѕидовите, би требало да се соберат околу првото скалило и заедно да тргнат нагоре уверени дека вистинскиот пат за нагоре е ако се почне од првото скалило.

(Фрагмент од есејот „Првиот чекор“)

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото