1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 21:59
Уметницата Кејси Џенкинс која живее и работи во Мелбурн, а се опишува себеси како „крафтивистка“, кон крајот на 2013 година го изведе перформансот „Casting Off my Womb“, кој во повеќе медиуми беше наречен „Вагинално плетење“.
Перформансот се состои од 28-дневно плетење, колку што трае еден просечен менстурален циклус; необичниот дел во плетењето е во тоа што волницата е сместена во вагината на авторката.
Џенкинс објаснува дека овој перформанс не би бил перформанс доколку не вклучува и менструација. Додека има менструација, таа вели дека плетењето станува тешко, бидејќи волницата е влажна. Иако плетењето е малку неугодно, понекогаш може да биде и возбудливо.
Џенкинс го истакнува тоа што перформансот ја поврзува вулвата - нешто што може да се смета за навредливо, вулгарно или да предизвика одредено ниво на страв, со удобноста и топлината што ја обезбедува плетењето и сплетеното.
„Фактот што пичка се смета за најнавредлив збор во англискиот јазик е вистински маркер за времето во кое живееме и за односот на општеството кон жената. Во пичката нема ништо негативно. Тоа е само длабок, топол и прекрасен дел од женската анатомија“, вели Џенкинс.
Подолу може да погледнете видео од нејзиниот перформанс.
Извор: Huffington Post