25 години интернет

10.03.2014 11:46
25 години интернет

Глобалниот систем за меѓусебно поврзани компјутерски мрежи, познат како денес неизбежниот интернет, пред 25 години беше сосема различен, а благодарение на замислата која ја разработи тогаш непознатиот информатичар Тим Бернерс-Ли, интернет сервисот World Wide Web денес е светски феномен кој го промени животот на милијарди луѓе.

Британецот Бернерс-Ли работел во лабораторија на ЦЕРН, Европската организација за нуклеарни истражувања, кога смислил начин како со помош на хипертекстот на едноставен начин да пристапи до компјутерските документи кои се меѓусебно поврзани. Тоа го опишал во едно дело објавено на 12 март 1989, кој се смета за официјален роденден на World Wide Web. Неговата идеја го овозможила развојот на интернетот каков што го познаваме денес.

Но, замислата била толку храбра, што малку недостасувало да не се оствари.

„Тим Бернерс-Ли се појави од никаде, никој не го бараше од него тој систем за управување со документите“, рече Марк Вебер, автор и конзерватор на програмата за историја на интернетот во Музејот на историја на информатиката во Маунтин Вју во Калифорнија, додавајќи дека колегите во почетокот сосема го игнорирале.

На почетокот, интернетот имаше конкуренти, како, на пример, CompuServe и Mintel. Но тие не беа бесплатни, а системот на Бернерс-Ли овозможи бесплатно објавување содржини на компјутерите поврзани на мрежата, истакнува Вебер.

„Персоналните компјутери го променија нашиот начин на работа, а интернетот од корен промени цела низа сектори“, истакнува Мајкл МекГвајр, аналитичар во истражувачката агенција Гартнер.

Денес интернетот го користат милијарди луѓе ширум светот, а изумот World Wide Web силно влијаеше на бројни подрачја на животот и засекогаш го промени човечкото општество.

Извор: Huffington Post

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото