Коле Ангеловски: Новиот театар е една огромна грешка

10.03.2014 19:57

Интервју со режисерот и актер Коле Ангеловски, кој раскажува за Скопје пред земјотресот, за богатиот културен живот и култните места, за постземјотресно Скопје и модерната архитектура, почетоците и успесите на Драмски театар, за денешните театарски објекти и за тоа дека со уривањето на Драмскиот театар тој едноставно - ќе пропадне.

-Скопје пред земјотресот беше голема културна престолнина, доаѓаа врвни музичари и театарски престави.

-Земјотресот ме затекна во Париз. Шетајќи се по Пигал врз одводот од канализацијата здогледав весник во кој беше пренесена веста за катастрофата.

-По земјотресот почна многу да се гради, а во исто време се доселија и многу луѓе со што драстично се смени градот и претходниот начин на живот.

-Отсекогаш  постоела борба помеѓу Драмски театар и МНТ и Драмски секогаш тепаше со 3:0.

-Во новиот театар постои одредена бариера помеѓу гледачот и сцената.