Пронајден печатот на Драгиша Милетиќ

11.03.2014 10:55
Пронајден печатот на Драгиша Милетиќ

Скопје, 11 март 2014

Полицијата денеска го пронајде печатот на Српска напредна странка кој на мистериозен начин исчезна пред минатогодишните локални избори. Печатот е запленет кај 7-годишен ученик од општина Карпош и му е вратен на сопственикот Драгиша Милетиќ.

Детето тврдело дека само си го направило печатот од компир, но Милетиќ си го препознал и ја убедил полицијата дека тоа е неговиот печат. Расплаканото дете си отишло дома, а Милетиќ на прес-конференција изрази сомнежи дека зад детето се крие смислено сценарио на СДСМ за пуч во неговата партија.

„Само ја и Стевчо имамо право да си играмо са печатотом СНС-а. Дечак је комуњарски плачењик и можда је хтео да се кандидује за лидер моје партије и да ми сјебе коалицију са Грујевском. Шта зна дете од седам година шта је коалиција“, изјави Милетиќ.

Тој најавениот конгрес на Српската напредна странка во Македонија за денеска во Куманово го нарече „нелегитиман“ и доказ „да дете није било само у својој намери“.

Извор: fokus.mk