Ултимативно

11.03.2014 11:34
Ултимативно

Дали го видовте тој „ултимативен тест на перформансите на автомобилот“?

Знаете ли дека „телефонот HTC EVO 3D овозможува ултимативно 3D доживување без очила?“ Не верувате дека „Тојота Приус претставува ултимативно еколошко решение“? Скептични сте, исто таа, кога модистката пресудува дека „розовата е - ултимативна летна боја“, не верувате дека „шилците и нитните повеќе не се резервирани само за рокерите и панкерите, туку дека ќе бидат „ултимативен тренд за претстојната есен и зима“. Гледате бледо додека некој објаснува дека „многу жени сигурно почнале да бидат во кожата на Ракел Велч, глумицата која речиси пет децении беше прогласувана за ултимативен секс симбол“, но...

Некој ги фали ултимејт фајтерите, а некој „Бајк плус, караванот како мировен собир кој го слави велосипедизмот - со ултимативна цел да го зголеми бројот на велосипедисти во урбаната средина“.

Како што некогаш сѐ беше супер, сега сѐ е ултимативно: ултимативен спорт, ултимативен тест, ултимативна борба, ултимативен погодок, ултимативен денс, ултимативен водич за изградба на мускулите, ултимативен репер, ултимативен водич за свадби, ултимативен хаос, ама баш, баш ултимативен...

Ако побарате помош од преведувач, следи одговор: „Ти брате си ултимативно глуп за да го сфатиш ова...“

Ултимативно за вас е нешто што има формула или природа на ултиматум. Ултиматумот, се знае, е последен предлог после кој повеќе нема разговарање, а во дипломатијата после ултиматумот можеби следи и војна.

Меѓутоа, новите домашни јазикотворци безгрижно си играат со зборовите со корен од зборот ултиматум, одомаќинувајќи го Ultimate (алтимат) - краен, последен, основен, конечен. Тој збор, велат книгите, Англичаните го користат некаде од 1380 година, англизирајќи ги латинските зборови ultimare (да се дојде до крајот), ultimus (последен), ultimo (последен ден во месецот).

Изгледа дека во новиот шифриран јазик, во кој значењето не го носи зборот, туку контекстот и асоцијациите, ултимативно значи и најдобро и најлошо и најдалеку, и максимално, и од најголема важност, и главно (кардинално) и конечно (дефинитивно) и нешто со краен дострел, и екстремно; и нешто најфино, и супериорно по квалитетот, ефектите, луксузот, но и нешто што е „ултимативен блам за гледање“.

Веројатно изразот „врв, брате!“ е синоним за зборот ултимативно - само што овде асоцијацијата оди хоризонтално.

Извор: vreme.com
Слика: Iain Heath

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото