„Скопје - античко или модерно?“ - промоција на проект и публикација за 50-годишнината од скопскиот земјотрес

12.03.2014 17:22
„Скопје - античко или модерно?“ - промоција на проектот и публикацијата 50 години од

На 13 март (четврток) во ГЕМ клубот во 20 часот ќе се одржи промоција на проектот 50 години од земјотресот во Скопје (Скопје-античко или модерно). Во рамки на проектот, ќе биде промовирана и истоимената публикација, која содржи повеќе текстови, интервјуа и фото-прилози поврзани со катастрофата од 1963, еуфоричната и полетна обнова на Скопје, како и последните промени кои радикално го променија урбаниот лик на македонскиот главен град.

За публикацијата и проектот ќе зборуваат Никола Гелевски, Сенка Наумовска и Иван Шопов.

На крајот од вечерта, ќе биде проектиран краток филм во кој за катастрофалните и херојските денови и години на Скопје од свој агол зборуваат Бојан Иванов, Коле Ангеловски, Милан Ѓурчинов, Мирослав Грчев, Мимоза Несторова Томиќ, Влада Урошевиќ, Георги Константиновски, Даница Павловска, Петар Арсовски, Дарко Марковиќ, Елизабета Аврамовска, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, Џабир Ахмети, Владимир Јанковски, Александар Прокопиев, Никос Чаусидис...

Facebook настан тука.