Европскиот парламент одлучи: жените и понатаму ќе бидат помалку платени!

13.03.2014 09:19
Европскиот парламент одлучи: жените и понатаму ќе бидат помалку платени!

Жените во земјите од ЕУ и понатаму ќе бидат помалку платени за иста работа од своите машки колеги, одлучи Европскиот парламент во вторник.

Парламентот со многу мала разлика во гласовите го отфрли извештајот за еднаквост на правата на мажите и жените во кој се повикува да им се гарантира иста плата на жените за иста извршена работа.

Против извештајот гласале 298 пратеници, главно конзервативци, 289 биле за, повеќето левичари и либерали, а 87 гласале воздржано, меѓу кои најголем број „зелени“.

Во извештајот се бара земјите од Европската унија „да го гарантираат почитувањето на темелното начело на иста плата за иста работа на мажите и жените“, да го забранат отпуштањето по породилното отсуство, и да се заложат во борбата против сексистичките стереотипи.

Белгиската социјалистичка пратеничка Вероника Де Кајсер предупреди дека „е направен неверојатен чекор назад само два дена по Меѓународниот ден на жената“ .

„Со денешното гласање не се повредени и нападнати само жените, туку и целото општество, нашите вредности и самото срце на нашето човештво“, предупреди француската социјалистичка група.

Белгиската конзервативна политичарка Ана Делво смета дека извештајот е премногу „идеолошки“ и „насочен кон несреќните последици од мерките за штедење“.

„Мораме да заклучиме дека бавно се напредува во поглед на еднаквоста на мажите и жените, но кризата не е единствената причина, далеку од тоа“, додава нејзината бугарска колешка Марија Габриел.

Извор: www.thejournal.ie

ОкоБоли главаВицФото