Изум

14.03.2014 09:23
Изум

Огнот и тркалото ќе ги најдеме на секоја листа на најважни изуми во историјата на човечкиот род. Но, не било потребно да се измисли огнот: проблемот со него бил одржувањето и контролирањето. Меѓутоа, тркалото, бидејќи не постои во „природен облик“ е изум, иако името на неговиот изумител нема да го дознаеме никогаш.

Ако можеме да судиме според археолошките докази, најстарото познато тркало се појавило во Сумер, јужниот дел на Месопотамија, пред околу 5.000 години. Но нема докази дека колите на тркала доминирале во тогаш мочуришнот Сумер, денешен пустински Ирак: во кралските гробници во Ур, за време на ископувањата на почетокот на минатиот век, сер Леонард Вули освен кола со тркала пронашол иста таква со „санка“. Како и да е, на Леонард Вули му припаѓа и заслугата за откривањето на првото „вистинско“ грнчарско тркало, направено од - глина. Непознатиот изумител по професија бил грнчар, а не превозник.

Нема човечка заедница која не познава пронаоѓачи, со ваква или онаква вештина, уметност, знаење, алатки, оружја или прастар обичај. На боговите или ним сличните суштества во прилична мера им се доверува одговорноста за изумите и откритијата, било да се во корист на луѓето или почесто, на нивна шета. Приглупиот титан Епиметеј, извршувајќи го божествениот налог да им ги распредели неопходните особини на живите суштества, сосема заборавил на луѓето, па дотичните останале без крила за летање, крзно да ги штити од студ, брзина за да се спасуваат од ѕверовите и ближните, песјаци да се прехранат, канџи за одбрана... Затоа неговиот попаметен брат, Прометеј, морал - за да им го олесни животот на луѓето - да го украде огнот од боговите. Казнет е со тоа, додека е прикован за карпа на Кавказ, орел да му го јаде дробот до крајот на светот и векот. Според популарниот мит, го ослободил лично Херакле. Но, ниту Прометеј ниту Херакле не можеле едноставно да ја укинат пресудата: за да важи пресудата, од една алка од синџирот со кој бил окован направил прстен во кој ставил парче кавкаска карпа. Носејќи го на прстот, формално останал окован за Кавказ. И денес, вели митот, луѓето носат прстени со камен како знак на своето прометејско потекло.

Но, во меѓувреме ја изумија и интелектуалната сопственост.

Би сакал да знам кој ги патентирал боговите.

Извор: vreme.com
Слика: Sanely Great

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото