1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 13:59
Гледам дека повеќе не можам да коментирам на профилот нај проф. Ванковска, која пред само неколку денови ме прашуваше и прозиваше јавно зошто не се изјаснувам за нејзината кандидатура. Гледам дека веќе почнала да го расчеречува Пендаровски.
А, по вчерашната дискусија ме блокираше и пратеникот Димовски, затоа што кога зборува за недемократскиот избор на Пендаровски за кандидат, го потсетувам на изборот на Груевски за лидер на ДПМНЕ пред само три години, а кога етикетира луѓе како соросоиди, го потсетувам дека соработувал и бил советник на проект на Сорос во Македонија. Сѐ сами демократи.
И на Билјана Ванковска и на Илија Димовски да им кажам јавно - еве, затоа ќе гласам за Пендаровски и ќе го убедувам секој што го познавам и не го познавам да го стори тоа. За прв пат во мојата гласачка „историја“ нема да гласам за Морисон, Хендрикс, Лазар Бараков, ниту пак да слушам како овчичка наредба од албанските ни пастири, туку ќе гласам за вистински политичар.
Ме разбирате? А тука, за разлика од фашите сфаќања и вашиот пристап кон демократијата и дебатата, ќе можете слободно да коментирате. Овој ѕид е демократски простор на кој дебатираат пристојни луѓе, а важат само ограничувањата на етиката!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Тони Мареј