Тијана ќе го пее политичкиот манифест на ВМРО

15.03.2014 15:47
Тијана ќе го пее политичкиот манифест на ВМРО

Мислев дека Тијана Дапчевиќ се препичува пред некој ебач молејќи го не да ја свирне или да ја запише на факултет, да и’ купи бунда или да и’ сними спот, да ја викне на линитонија, да подигнат заедно еден милион евра од Стопанска банка во Неготино, да ја зачлени во вемерето или да ја носи на концерт на Лени Кравиц, туку да ја врател во времето, таму кај спомените, таму кај што почнало се’, таму кај што припаѓала, но носталгично-преродбеничката ритмика на "Т'га за југ" ми беше премногу нападна за една современа песна така што кога дојдов до стиховите "ни сонцето веќе не ме смирува, душата ништо не ја радува, само минатото ме лекува, кога јас во тебе силно верував", јас сфатив дека тука не станува збор за никаков ебач туку за миладиновска патетика кон родната грутка во која, не така успешно, се крие програмската декларација и политичката реализација на ВМРО!

Песната завршува со драматичното обраќање на Тијана кон Татковината (значи не кон љубовникот или сексуалниот партнер): да ја вратела, значи, назад во времето, таму кај што ја носело срцето, не само зашто таму ја носело срцето туку и зашто таа таму припаѓала.

Миладинов го доловува тоа враќање како романтизирање на смртта, додека за вемерето тоа е враќање кон времето пред животот!

Така што белградската пејачка која се враќа таму кај што припаѓа за да си ги собере хонорарите, односно се враќа во времето кај што и’ припаѓаат парите, пее за нашето патување во минатото со помош на временската машина на вемерето, пее Тијана за сите нас, за драматичните промени во нашите животи последниве осум години, за радоста со која дозволивме една група фантастично сервисирани хохштаплери, бандити, ебиветри и врвни експерти за демолирање на националните заедници и држави да извршат усерување на животите со помош на феноменалната навигација (со прецизно наведување на гомната врз сопствените лица) на питомата македонска маса како таква.

Комплетната демонтажа на Македонија во сите аспекти, од растурањето на институциите, преку терористичкото растурање на урбаниот амбиент и естетиката посебно, до културната регресија во далечното минато, до феудализацијата на државата, до замената на модерната строгост и праведност на државата за султанатската арбитража, до сведувањето на граѓаните на закрепостена маса во се’ зависна од волјата на Газдата, се’ е тоа сублимирано во стиховите кои во Копенхаген ќе ја претстават Македонија таква каква што таа е: земја што патува во своето минато - таму кај што никогаш не била ништо односно таму кај што припаѓа!

Мислите дека претерувам?! Не, драги мои, знаете ли дека најстраствени патувачи во времето кај што припаѓаат, се луѓето кои во околината на Орешани на своите таблети ја пуштаат песната на Тијана и зјапаат во кртовидните форми по теренот надевајќи се дека под некоја свежа нерамнина ќе се фатат за големиот кур на Александар Трети Македонски кој еректира секогаш кога големиот војсководач ќе чуе дека и по два ипол милениуми нацијата чезнее да се врати во времето на неговата слава која всушност била слава на Македонија.

Имам една желба! Односно, имам уште една желба ако првата не ми се оствари поради интервенцијата на Хорхе кај Свети Павле или кај некој друг влијателен член на Големиот Антиразум! Значи, ако може Тијанчето да се успие за да не го фати авионот за Копенхаген или ако, вампирка една, успее да отпатува, да дувне ветер и да снема струја три минути над Данска за да можеме на светот и на самите себе да си го доловиме минатото на Тијана, односно на Македонија, односно на ВМРО, низ мрак и молк!

Минатата недела бев со премиерот Груевски на лов во околината на Смоквица. Само што излеговме од хамерите, тој се лизна од говното на својот југословенски трибоен гонич... се чу истрел од неговата Ремингтонка и човекот се струполи на земја. Помислив дека е мртов.

Што да правам, си реков и почувствував како ме фаќа паника. Решив да му се јавам на јавниот обвинител Зврлевски, ми се стори тоа сосема адекватно на ситуацијата.

-Ало, Марче, а, бе, пријателот ми е мртов, човеку, несреќно се самозастрела на лов кај Смоквица од кај што ти се јавувам!

-Чекај малку, смири се - ми рече Зврлевски. - Сигурен ли си дека е мртов!?

Јас го спуштив телефонот, го грабнав мојот карабин и истрелав два куршума во главата на Груевски. Потоа ја кренав мојата "Лумија" и на Зврлевски му одговорив:

- Сигурен сум, сто отсто е мртов!

- Кој е мртов, мислам, кој ти е пријателот - викаше од другата страна јавниот обвинител!

- Груевски, Никола Груевски е мртов, сакаш ли да ти кажам што е по занимање, што е по националност, дали е во брак, дали има хемороиди... или мислиш дека и без дополнителни информации е време да го мрднеш својот обвинителски газ и да ми обезбедиш еден апартман во Шутка - се налутив јас!

Извор: Глобус
Слики: Свирачиња