Крал без коски

19.03.2014 13:53
Крал без коски

Некои мајмуни што го симнале својот крал веднаш западнале во кавги и анархија. Итно испратиле делегација до соседното племе за да го консултираат најстариот и најмудар мајмун во целиот свет.

„Деца мои“, рекол најстариот и најмудар мајмун во светот кога ја слушнал делегацијата, „добро сте направиле што сте се ослободиле од тиранијата, но вашето племе не е доволно развиено за да ги практикува облиците на монархијата. Убедете го тиранинот да се врати со фер ветувања, убијте го и крунисајте го. Дури и скелетот на најбеззаконскиот деспот е добар владетел.“

Од ова, делегацијата многу се засрамила. „Невозможно е“, рекле тие, заминувајќи си; „нашиот крал немаше скелет; беше наполнет, препариран.“

Превод: Иван Шопов
Слика: Трејси Кас

ОкоБоли главаВицФото