Синоличка Трпкова: Живееме во ерата на златните тоалети

21.03.2014 16:49

Интервју со актерката Синоличка Трпкова  која раскажува за Скопје од нејзината младост, за солидарноста и меѓучовечките односи порано и денес, за кичот и невкусот, за етиката и достоинството, за проектот Скопје 2014 и длабоките резови што тој ги направи во општеството.

-Во Скопје по земјотресот се градеа згради по мерка на човекот.

-Недостасува еден споменик, надвор од овие досега направени, а тоа е споменик пред Рекорд, едно срце на кое пишува Те чекам на Рекорд.

-Гледајќи ги младите денес, нивната отуѓеност и тага, нивната изгубеност и немање цел, размислувам за тоа како за разлика од денес порано постоеше поголема комуникација, размена на мисли и идеи.

- Додека цел свет се труди да ги задржи зелените површини, некогаш силна страна на Скопје, ние денес го наполнивме градот со бетонско ѓубре.

-Кај нас врв во архитектурата се катните гаражи.

-Скопје 2014 не излегува од никаде и не влегува во ништо.