1022 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 11:59
На скопските улици, независно од годишното време и временските услови, повозрасните граѓани често го користат велосипедот како превозно средство. Сигурно сте налетале на некој повозрасен херој на велосипед натоварен со некој олук, ќумец, скала, вреќа компири, снопови праз како храбро ита кон својата дестинација. За нив не треба кампања, освестување, потсетување ниту посебни предавања, тие се 24/7 НаТочак.
Велосипедот е (треба да биде) превозно средство за сите генерации, не само за младите, не само за највештите. Впрочем и мотото на 23-та критична маса која ќе се одржи на 26 март е „Точак за сите генерации“. Затоа, во главниот град но и во другите македонски градови, уште повеќе ни требаат добри услови за возење.
Подолу може да погледнете видео анкета спроведена меѓу возрасните скопјани кои редовно се велосипедски активни.