Семејство манекени

25.03.14 15:28

Откако секојдневно ѝ било поставувано душегрижничкото прашање „зошто сѐ уште не си мажена?“ од луѓето во нејзиното најблиско опкружување, уметницата Сузана Хајнц решила дека ѝ е преку глава од тоа и одлучила на симболичен начин да изрази протест против наложувањето на она што се смета за општествено пожелно или прифатливо: си набавила мало семејство, сочинето од кукли и манекени.

Во текот на 14 години и поминати 10.000 милји во патување, таа секаде со себе го носела ова „семејство“ и направила голем број фотографии „од заедничкиот живот“.

Извор: twentytwowords.com

ОкоБоли главаВицФото