„Fall“ - Нова песна на Тања Рибарска и Ана Голејшка

27.03.2014 12:51
„Fall“ - Нова песна на Тања Рибарска и Ана Голејшка

Пред неколку денови Тања Рибарска и Ана Голејшка го промовираа видеото со својата нова песна снимена на англиски јазик, која го носи насловот „Fall“.

„Времето е како патека што води до нови сознанија. Така и траеше раѓањето на оваа песна. Со многу премерувања, издолжувања, но и навремени емоции. Од случајно испеано дружење, до целосен концепт кој треба да ја пренесе идејата на Ann Gollay и Rybarska - да се биде ослободен. Приказната сама по себе е моќта на љубовта да го исцели срцето, умот а пред сѐ падот. Ублажување на болката или испевање на истата. Сите оние места на кои нема да бидеме, или сме биле а не се сеќаваме, несовршеноста на човечкото битие, пренесена со метафора за близината - секој допир носи револуција, нови глетки и растење кон целосна слобода. Паѓаме и стануваме. Стануваме подобри од вчера.“ – го коментираат авторките создавањето на песната и поттикот и пораката кои провејуваат низ неа.

Во создавањето на песната на Рибарска и Голејшка учествуваа и Дориан Јовановиќ, како аранжер на целосниот израз, и Александра Кузман која свири на виолина виолина. Текстот и вокалот се на Ана Голејшка, а музиката е и на Тања Рибарска и Ана Голејшка. Слика во позадина на видеото е на Наталија Голејшка.