Мирослав Грчев: Објектите од проектот СК 2014 се непрепознатливи за архитектонското око

28.03.2014 08:12

Интервју со архитектот Мирослав Грчев кој раскажува за сликите и сеќавањата од неговото детство, за развојот и дисконтинутетите  на Скопје, за архитектурата и одговорноста на архитектите и за најновите промени со проектот СК 2014 и неговото влијание во културата и општеството.

-Скопје е град што го красат дисконтинуитети.

-Урбаниот континутет не влијае на некакво цврсто градење на урбана и цивилизациска самосвест.

-Ова што се случува со СК 2014 и таканаречената урбанистичка и архитектонска преродба со која што целосно се сака да се смени нашиот однос кон идентитетот и минато,  во себе има длабоко атавистички мотиви на освета и изворна одмазда.