Врв

01.04.2014 10:34
Врв

Се вели врв брате! Така, велат, е одредено со уличниот кодекс на деведесеттите години, некои злобници велат според тоа што во жаргонот тоа била и оценка на квалитетот на мархуаната. Не е брдо, ни врв на нож, ни врв на игла, ниту на шилец. Тоа е збор кој означува некој што е главен, недостижен.

Некогаш зборот вресок значеше нешто убаво, ефектно, духовито, сјајно. Сега е врв. Најблизок во тој контекст беше стариот жаргонски збор „инјекција“.

Некогаш би се рекло макс, макси, максимален, па и максимилијан, екстра. Можеше да се каже првак за некој кој е шармантен, можеби хај-фај, ако е првокласен, секако, ако сето тоа не е лауф, претерување, лага, измама, ако некој не се паунира, дува, џекира, шета по гаќи, то ест само се прави важен.

И зборот врв добива негативна конотација кога означува нечиј голем безобразлук, но тоа треба да се каже со посебен тон и гестикулација.

По зачестеноста на употребата врв малку ја презема некогашната употреба на зборот супер - суперсилвер беше збор за толку големо студенило кое сече како жилет од споменатата марка. Суперспермос беше ознака за потентен маж, но таа неуспешна кованица лесно се изгуби од употреба. Супер беа и гаќите и патиките и храната и забавата.

Дали тоа со врв брате осиромашува фантазијата на генерацијата што доаѓа, која дели сѐ повеќе суперлативи, а користи сѐ помалку зборови?

Дали зборот врв покажува дека се случува пресврт во јазикотворната имагинација на улицата - суперлативите во уличниот жаргон некогаш сепак релативно почесто асоцираа на спротивната смисла на зборот - за најубавиот и најдобриот би се рекло дека е умоболен, без поблиско одредување дали полудуваат оние кои го гледаат или оној што го гледаат, а најголем значеше најгрд. Дали е тоа добро или лошо? Дали нашиот менталитет е поотворен кон успешните, а осиромашениот јазик е помалку егалистички репресивен, како што е егалистичи репресивен духот на паланката? Или тој збор сведочи за зајакнување на колективното подаништво, или за негувањето амбиции?

Проблемот е во тоа што врв брате означува сѐ. Врв може да означува и некое врвно доживување, а врв брате е и ознака за квалитетот на потрошувачките добра: автомобилот - врв брате, буренцето со чеп - врв брате, песната - врв брате, видео клиповите - врв брате. „Врв брате, јас би ја ставил оваа за химна...“

Еден коментар со тој израз гласи: „Изреката врв брате е дно, брате...“

Извор: vreme.com
Слика: Liv Buranday

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото