1020 hPa
34 %

18 °C
Скопје - Саб, 22.03.2025 12:59
Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ и Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и оваа година повторно најавуваат МЕСЕЦ НА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА И РАБОТНИЧКА БОРБА, кој ќе кулминира со два протести во Куманово и Скопје.
Во време кога под еуфемизмите „флексибилност на труд“, „слободен пазар“, „мобилност“ и слични нео-либерални кованици, се подразбира ништо друго туку намалување и кршење на сите бенефиции и социјални права кои биле отстварени и задржани низ вековите, не ни преостанува ништо друго освен повторно да го кренеме гласот и да потсетиме на историското значење на 1 Мај, како стремеж за комплетна еманципација на целокупната работничка класа. Оваа година излегуваме со повеќе активности и со обид за заживување на историската коалиција со синдикатите!
Погоре на сликата можете да ги видите предвидените настани и активности. Сите дополнувања и изменувања ќе бидат објавени на нашиот сајт или Фејсбук страница. За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на нашиот е-маил – ld.solidarnost@gmail.com, а официјалниот настан на Фејсбук за месецот на социјална правда и работничка борба можете да го погледнете ТУКА.
НЕ САКАМЕ СКАРА, САКАМЕ ПРАВА! ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА НИВ!
ДА НЕ ГО ПРЕСПИЕМЕ 1 МАЈ! ПРИДРУЖИ СЕ!
Извор: solidarnostblog.wordpress.com