Нови сурати

03.04.2014 08:04
Нови сурати

Избираме луѓе што треба да ја водат државата, користејќи ги своите знаења и животни искуства, или приправници во маркетинг агенција?

Ама запнале вмровциве... Стево не бил ново лице. Заев и Радмила не биле нови лица. Само Драгана Чуприна изгледа е ново лице.

И што е таа идиотска опсесија со нови сурати, аман. Демек, сите ќе гласаме за нови лица, бидејќи се неизвалкани. Што е ова, избори или Икс фактор?

Избираме луѓе што треба да ја водат државата, користејќи ги своите знаења и животни искуства, или приправници во маркетинг агенција?

Концептот „нови лица“ инаку е стар и истрошен. Не паметам избори на кои императивот не бил да видиме нови фаци. И овие калпазани што сега ја водат државата, пред осум години ентузијастички ги прифативме поради нивните нови сурати. И еве до каде стасавме.

Слика: Свирачиња
Извор: Слободен печат

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото