Секоја земја на Балканот би посакала претседател како Пендаровски

04.04.2014 10:58
Секоја земја на Балканот би посакала претседател како Пендаровски

Никогаш не сум била член на ниедна партија. Дома не ме учеа да се пикам во партии, туку да имам свој став за нештата. Заминав од земјата во 2002, а се вратив во 2006 година. Го донесов и мажот ми овде, во ветената земја на Балканот, без која јас не можев да живеам, а тој не можеше без мене... тоа што тој го прави кај нас се нарекува - невозоможна мисија.

Но и тоа низ кое јас минував не е ништо полесно. Кога ќе дојдат времиња на слобода ќе ви го отворам срцето, иако тоа и сега често го правам. Честопати сакам да заминам засекогаш и тоа лесно можам да го направам, но мојот „Том Круз“ го даде сопствениот живот како влог за мене и за мојата земја. Пред извесно време запознав уште една личност со „невозможна мисија“, која сметам дека е наша последна шанса за малку светлина во мракот. Имав можност да разговарам со Стево Пендаровски.

Додека го слушав и гледав, видов голема причина да останам во татковината и уште поголема причина да го поддржам. Во суштина, тоа што тој го сака за сите нас, го сакам и јас. Секоја земја од Балканот би посакала ваков претседател, а ние и го имаме. Не се повеќе во прашање партии и политики, прашање е само дали ние имаме свој сон за својата земја или ќе дремеме како стадо во автобуси. Јас ќе гласам за себе, кога ќе гласам за него. И конечно, додека едни уметници го продаваат името со „донации“, контрапротести, функции, други не се општествено засегнати, одговорни и освестени, трети - го даваат срцето како влог за татковината.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото