1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:07
Дали водачите на земјава се стварно дебили или се кријат подлабоки и помрачни сценарија зад нивните дебилски истапи (т.е. престапи, т.е. најгруби можни фаули, каков што е - престап и фаул - веќе антологискиот повик „за финална борба“ на Никола Груевски до членовите на ДПМНЕ)? Тоа прашање (дали се дебили или имаат јасни деструктивни агенди) веројатно е едно од поважните политички прашања во земјава. Гручо Маркс во еден од филмовите го даде одговорот: „Тој можеби зборува како идиот, можеби и изгледа како идиот, но тоа не треба да ве залаже: тој стварно е идиот!“
Писмото на Груевски до сопартијците фрапира. Нè остава без зборови. Дали е луд читателот што го чита она што е запишано („транзициските политичари се поразени, но не се исчезнати“) или евентуално постои шанса дека малку „флипнал“ актуелниот неприкосновен водач на македонското племе?
Ако на Груевски му се смачени луѓето што владееле во деведесеттите, што да кажат помладиве граѓани, родени после 1990, кои помнат дека во последните 12 години лично Никола Груевски осум години е на власт?! Дали наспроти штабовите на ВМРО треба да се организираат некои други штабови кои сметаат дека треба да „исчезне“ транзицискиот лик на Никола Груевски и сето она што тој го симболизира, лик кој им (кој ни) уништи (ја следам сега вмровската реторика) најмалку десет години од животот?!
Ќе ја пуштат ли полицијата да ги разбие тие замислени контра-штабови на кои им е преку нос осумдишната непрекината рекламна кампања на еден опасен боксер-статист, по фарсичните правила на историјата фрлен ни повеќе ни помалку во улога на популистички водач во комедија што забрзано се тркала кон трагедија?! Ако треба да им се пушти полиција на замислените штабови што работат на исчезнувањето на Никола Груевски (а хипотетски треба да им се пушти полиција), зарем не треба да им се пушти полиција и на штабовите што во моментов ги формира самиот Груевски со намера да го ликвидира (т.е. „да го исчезне“) секој оној што не мисли како него?! Во таа смисла, Ѓунер Исмаил има право: писмото на Груевски е материјал за јавниот обвинител.
Останува варијантата за тешење. Прости му, Господе, на македонскиот архиепископ кога сикти омраза кон поинакумислечките - оти не знае што прави. Чудно е, но ние стварно имаме разбирање за нашите дебилски водачи зашто длабоко во себе чувствуваме дека не знаат што прават. Но, тоа не нè ослободува од одговорност! Напротив! Еве, дури и за оние што божем не знаат дека царевите се голи, повторувам веќе запишани зборови: оние што донесуваат одлуки коишто влијаат врз нашиот живот многу често не знаат што прават, а тоа не го знаат просто затоа што немаат соодветна основа врз чиишто темели би можеле да ги предвидат последиците од своите одлуки. На многумина им се чини дека живееме во ера во која одлучуваат умно заостанати личности. Тие личности избрале само еден аспект на ситуацијата и се држат до него докажувајќи им на противниците дека не успеле да ја разберат смислата на ситуацијата.
Груевски и неговите наци-бољшевици ги доведоа граѓаните на земјава до таков степен на изместеност што опозиционерството го прогласија за патологија! Да бидеш член на СДСМ е пцост! Да сакаш власт, не дај боже, а притоа да не си ВМРО, зборува дека наполно си одлепил од стварноста! И дека ти треба превоспитување! Зарем не е скаредна фарса кога од позиција на власт (и тоа челична, апсолутна власт!) јуришниците на Груевски блујат омраза спрема кој било несреќник (почнувајќи од лицето Б. Ц. па натака) кој негде, скришно, во некаква шупа, сонува за некоја своја мала или голема власт, сонува за време во кое на ВМРО ќе може и да му се наплати по некоја сметка од сегешнава лудачка теревенка во која сите треба да ги маваме шишињата од патос (а некои, полојални, од сопствената глава) во слава на нашиот голем (не мал) боксер-статист?!
Да се разбереме: тонов на денешниов текст е подигнат само зашто власта драматично го повиши тонот последниве неколку недели и речиси најави отстрел на сите оние кои не се на линија на режимот (партијата прогласи платеници на лицето Б.Ц, Латас прогласи педери, архиепископот прогласи егзарси и анкетари, а Груевски најави финална битка против „транзиционите“, што и да значи тоа; можеби битка против себе, до самоубиство?!).
За подобро разбирање на механизмите за кои зборувам, за крај, за читање и мислење, предлагам една нова важна книга: “Going to extremes: How like minds divide and unite“ од Cass R. Sunstein, професор на „Харвард“ и советник на Обама. Книгата зборува за психологијата на групата. Санстејн разгледува низа феномени, од потезите во Бушовата администрација до Исламскиот тероризам.
Припадноста кон одредена групација произведува психологија на „глутница“ - луѓето кои се опкружени со истомисленици често стануваат уште поекстремни во своите идеи, и на тој начин се креира ехо-простор во кој веќе не постојат ставови туку само потврди на ставови. При контакти на полтрони мислењето не се корегира туку станува сè позацртано. Индивидуалните патологии што групата ги одобрува го преземаат лидерството, и погрешните одлуки стануваат неизбежни. Санстејн вели дека на тој начин, во строго поделени и поларизирани групи каде што затворената размена на информации само ги зацврстува почетните ставови, екстремизмот настанува сам од себе, речиси нечујно.
Книгата
Испратено на 18 декември 2009 од АнонименАко некому му се чита...
Брао, бе, луѓе, како ги
Испратено на 18 декември 2009 од koljaБрао, бе, луѓе, како ги наоѓате за бесплатно дури и новиве книги!
Секому според потребите,
Испратено на 19 декември 2009 од Киро ВелковскиДа беше во поразвиениот свет ќе ти пуштеше некаков ваков линк http://www.amazon.com/Going-Extremes-Minds-Unite-Divide/dp/0195378016/ ама бидејќи ние сме уште потенки со пари за терцијарни потреби, затоа го доби линкот за сиромашни земји... Исто како што Окно.мк ги „позајмува“ текстовите, а никој не му се буни. Да бевме платежно способни, немаше лесно да се помине :)
Секому според потребите, секој според можностите. Туку, овој двоен однос ми личи на едно општествено уредување, само не знам дали се брои ако се стигнува директно од капитализмот, наместо преку социјализмот...
Многу е чуден менталниот
Испратено на 18 декември 2009 од Dame1612Многу е чуден менталниот склоп на неолибералниве експерти од евро нато енџио провинојенција .
Углавно како и да свртиш во секоја нивна експертиза вадиш шаблон , као од комунизмот коа пљукаа по капитализмот .
1. Поистоветувај ги комунизмот и фашизмот .
2.Сите оние кои не се на линијата на директивите од Брисел морално политички деградитај ги .
3.Величај ги ЕУ и НАТО . Ако некој каже нешто кое не е во интерес на политиката на ЕУ и НАТО суптилно спомени му дека освен себе ги води и другите околу себе во пропаст .
4.Често споменувај дека не постои друга перспектива освен ЕУ и НАТО перспектива . Ти се слаб и може да те снема ако почнеш да мислиш критички кон нив .
5.Кога го плукаш политичкиот противник стално споминјај му дека он е против ЕУ и НАТО . Он е фашисто комунист ....
Иако пола ЕУ лидери имале некој дедо нацист во Германија , Шпанија , Холандија , Италија , Маџарска , Бугарија итн ...
Иако пола СДСМ биле во ЦК СКМ или имаат татко или мајка бивши комунистички функционери .
А ако направиш хибрид од Европејциве и СДСМовциве ке добиеш ке добиеш ....... ?
6.ВМРОВЦИ се неписмени сељаци . Они не се мијат , не се бричат , се манијачат , пљукаат по улици .... Никад книга не прочитале .
7.Реагирај на АНТИКВИЗАЦИЈА - кованица од орвеловски тип како новоговор и сл . Измислена кујзнае каде и кујзнае како скована . Служи за опис на нерационална состојба на свест ( тоа е состојба на поставување на критичко прашање koj sum be - од типот некои прашања не заслужуваат одговор ) .
Според директивата на Брисел бр .1492645292 секое спомнување на античката историја на Македонија може да биде ВОЗНЕМИРУВАЧКО и затоа му се забранува на секој жител на БЈРМ да мисли на таа тема .Нека мисли како да се вработи и да скрпи крај со крај на месецот .
8.Вечер ке слават за визна либерализација .... А малце паметот да си го либерализираат не ке да е лошо ...
Окнаши мои мили, suck on
Испратено на 18 декември 2009 од ДушанОкнаши мои мили, suck on this:
„Подготвеноста на ЕЗ да ја признае Македонија е нешто што само по себе се разбира и претставува обврска на Заедницата кон себе и начелата од кои се раководи. Нејзиното задоцнување го толкуваме како обид да ја увери Грција како своја членка во нужноста на ова признание и да и даде време да се подготви на еден таков чин, имајќи го предвид и консензусот како метод на одлучување, договорен во Мастрихт. Меѓутоа, условувањето на тоа признание со името на нашата држава што ќе биде прифатливо за сите страни е прво, без преседан, потоа води кон одложување на признавањето со сите неповолни последици и опасности на зовриениот простор на бивша Југославија и пошироко, а нашата Република и нашиот народ ги става во неизвесност и во положба што не може ниеден народ да си ја дозволи бидејќи ги доведува во прашање неговиот идентитет и достоинство. Лицитација околу името на една држава, како услов за нејзино меѓународно признавање, е надвор од сите норми на меѓународното право и практика што досега важеле и важат за признавањето на независноста на една држава. Арбитрарноста и лицитирањето околу името значат преземање голема одговорност на дванаесеттемина. Една мала држава со мирољубив народ очекува ЕЗ да си остане верна на самата себе. Би сакал во оваа пригода уште еднаш да подвлечам дека никој не треба да стравува дека однадвор ќе ни биде наметната каква било одлука што не би била прифатлива за нашиот народ“.
- Киро Глигоров
(Писмена изјава на испратена до лидерите на 12-те земји-членки на ЕЗ на 3 мај 1992 година, по состанокот во Гимараеш, кога министрите повторно го одложија признавањето на Македонија.)
Душан не ги вознемирувај!
Испратено на 19 декември 2009 од Киро ВелковскиДушан не ги вознемирувај! Кога се прави салто мортале, потребна е 100% концентрација!
Се извинувам! :D Не сакам
Испратено на 19 декември 2009 од ДушанСе извинувам! :D Не сакам никому да му пречам во правото на избор, па дури ни во правото да се самоубие! :D
Овој Даме се фали дека чита
Испратено на 19 декември 2009 од Андреј БолконскиОвој Даме се фали дека чита книги, а пак е неписмен.
Коља аман: Груевски и
Испратено на 19 декември 2009 од GladenMakedonecКоља аман:
Груевски и неговите наци-бољшевициШто има болшевистичко во Грујо баш објасними?
Браво
Испратено на 19 декември 2009 од Љупчо ЗлатевВлеговте во филмот на ВМРО, сеа на се шут во државата лепете комунистички етикети.
Браво!
И Киро Глигоров е ВМРО
Испратено на 19 декември 2009 од ДушанИ Киро Глигоров е ВМРО наци-бољшевик, сте знаеле тоа? :P
Гладен Македонецу, она што
Испратено на 19 декември 2009 од koljaГладен Македонецу, она што главно младиве јуришници на ДПМНЕ ги прави наци-бољшевици се: идеолошката ригидност (некогаш беше свет комунизмот, денес етносот), партиското едноумие, примитивизмот (немањето апсолутно никакво чувство за позицијата на Другиот), сулудата етатизација (при што државата се смета како продолжение на партијата; исто како во комунизмот кој „национализираше“ приватни имоти во име на „народот“), „југенд-стилот“ на политичко манипулирање (и во комунизмот за валканите харанги беа користени фанатизирани и не претерано бистри и информирани младинци), популизмот (и во комунизмот се повикуваше на народот, против, на пример, „анархо-либералите“ или непослушните) итн.
Никој подобро од ВМРО не ги оживеа мрачните аспекти на македонскиот комунизам (забораив да ги додадам полициските сплетки, кодошкиот уплив врз политиката, заканите, досијеата, уцените, конвертитите - впрочем, ВМРО е преполно со најокорели комунистички кадри, и со кодошко-цајканска позадина и со комунистичко идеолошко педигре; земите ги дури и помладиве вмровци, ѓомити полиберални, Саркањац или Иванов, мои некогашни познаници, обајцата чист комунистички кадар; да не збориме за фаци ко Михајло Маневски кои се сметале за хардлајнери дури и во тврдиот комунизам! Но, кога велам дека ВМРО е гнездо на наци-бољшевизмот најмногу мислам на Влатко Ѓорчев, Протоѓер, Бичиклиски, на повеќето помлади пратеници, но, пред се’, се разбира, на младиот и мошне ригиден водач, Никола Груевски, кој е претставник на најрадикалната линија во мк политиката (тоа, на пример, се виде на ручекот кај Фуере: буквално сите други претседатели на партии беа против радикализмот на Груевски; слично како што на претседателските избори сите други кандидати, идеолошки, политички, во однос на клучните стратешки насоки на државава, беа против кандидатот на ВМРО).
Но, друго ми беше зборот, и сакам да ве советувам, Гладен, и тебе и Душан и Даме и другиве, претпоставувам, помлади коментатори на Окно: никого, више-мање, не ги интересираат вашите политички ставови. Она што е битно, млади колеги, е вашиот стил, начинот на кој го презентирате својот став, информираноста, хуморот, широчината, чувството за раскажување, за аналогија, за споредба... Никој не вели: биди против ВМРО. Биди си за она што го чувствуваш и што мислиш дека ти носи полза, како лична така и општествена. Ради тоа и постои тајноста на гласачките кутии. Но, кога настапувате јавно, со ТЕКСТ, со ЗБОР, најважен е текстот, неговата питкост, елеганција, слоевитост, хумор - а не соголените политички пораки. Секон кретен е способен да урла за оваа или за онаа кауза (а знаеме од историјата дека најгласните кретени урлале за најмрачните каузи).
Ете, мали совети за вас, од постар колега. И драго ми е што дебатирате и што имате спротиставени мислења, се’ додека не почнува да сикти говорот на омраза и личните навреди...
Коља, крајно непристрасно
Испратено на 20 декември 2009 од ДушанКоља, крајно непристрасно (иронија) велиш вака:
Етносот никогаш нема да престане да биде свет. Светоста на етносот (во сите негови облици, итерации, и пројавувања) е она што ги спојува сите народи на светов. Само етносот овозможува „спојување“ во „братство“ и „единство“. Само различни етноси можат да се спојат во една цел. Зошто? Па за да имаш спојување и здружен напор, мораш да имаш различни страни во еден систем. Како очекуваш една нација, или народ, да опстојува без почит, познавање и негување на својот етнос (читај: она што го прави посебен во очите на другиот етнос). И што сакаш да ми кажеш, дека во СССР Рускиот етнос не бил свет? Дека рускиот народ во СССР одеднаш, бидејќи го славел комунизмот (кој е само форма на општествено уредување) одеднаш, преку ноќ, го заборавил рускиот етнос? Ма немој. Затоа пееја за Мајка Русија, оти тогаш етносот не бил свет. Get a grip man.
Еден од проблемите на денешна Македонија е што се инсистира на обожување на општествени форми на уредување (комунизам, социјализам, демократија, капитализам, европеизација) кои се нудат како супститут на етносот, кој е нужен столб на секоја нормална здрава држава во светов. Без Македонски етнос нема Македонија, без Албански етнос во Македонија нема Македонија, без Ромски етнос во Македонија нема Македонија, итн. Што е тука нејасно? Етносот е тестото од кое се меси општественото уредување, а воедно и моторот на тоа уредување (затоа што секој жив човек се смета за ваков или онаков, Македонец или Бугар, Србин или Албанец). Значи, живите луѓе се етносот. Апстрактната именка со која го договараат својот меѓусебен и вкупен живот во една заедница се нарекува „општествен систем“. Овие две не се во конфликт, туку се комплементарни. Според тоа, не можеш да имаш глорификација на етнос за сметка на комунизам (општествен систем). Тоа е нон сенс. Етносот е секогаш темелот на куќата.
Едно прашање до тебе, постои ли партија во која секој има различен став, и во која никој со никого не може да се договори за плановите на партијата? Ако ми најдеш таква неедноумна а сепак ефективна партија, ја те частам. ;)
Инаку и јас сум член на партија, па во многу мислења (понекогаш) се разидувам со партијата чиј член сум. Значи тезава за едноумието ем не ти ја бива, ем во една партија се очекува да има согласност околу нејзините агенди и функции. А тоа не бива без барем, мнозинско „едноумие“ (со други зборови, заедничка согласност).
Лага. Да беше вистина, немаше сега да праам муабет со тебе, нели? :)
Етатизација и „држава која се смета за продолжение на партија“ се два многу различни поима. Второ, што има национализирано владата на ДПМНЕ, де ако можеш просветли ме? Како тоа Груевски национализира? Што тоа Груевски национализирал (а претходно било приватно)? Ај што не гледам национализација, ама и сулуда? Зошто сулуда (еве и да ја има)? Имаш одговор?
Ако реновирањето, реименувањето, реформите и фејслифтингот на број државни институции (и создавање неколку нови) според тебе е сулуда национализација, дали тоа значи дека веруваш дека порано, во СФРЈ, всушност владеел капитализам и ништо не било државо, туку било во приватна сопственост? Пошто нели, за Владава сега да национализира одеднаш, тоа би значело дека земала нешто од приватни лица во своја, државна, сопственост.
Паралелите со наци-Германија се веќе навистина патетични, оти одамна не држат вода. Од кампањи кои пола нормални држави ги имаат, направивте толкава врева ко да сте виделе реклама за во конц-логор. Очигледно некои младичи се малку побистри (а ако не побистри, малку посамоуверени и похрабри во врска со животот), па не се кријат по дома од Баба Рогата Груевски и неговото „политичко манипулирање“. За манипулирање, можеш комотно да се обратиш кон некогашна Советска Русија и денешните Социјалдемократи. Ако ги броиш лажните ветувања и безочните лаги и превртливи ставови, ќе немаш проблем да сфатиш кој кого тука (очајно пробува да) пере.
Ако случајно си бил во глувчешка дупка во последниве 20 години, и ако случајно си го преспал целиот проблем со Грција, може таквиот популизам би ти бил многу логичен (и оправдан). Ама изгледа сепак си преспал многу работи. А ако ја вреднуваш слободата (за која толку се залагаш), можеби ќе се сетиш дека најголемите слободи се човековите права, и можеби случајно, ќе ти текне дека дел од тие слободи е и правото на самоопределување, и можеби некако ќе поврзеш 2 со 2, и ќе заклучиш дека една земја (Грција) не смее да се однесува така кон друга земја (Македонија), и да и’ поставува такви нехумани, недемократски, фанатични, ретро(градни), шовинистички, и други услови.
И за твоја информација, во другите држави, „државните непријатели/шпионите“ завршуваат најчесто или со куршум во чело, или во некој ендек, или пак на воен суд. ЦИА во САД не прашува кој удира, Интерпол си го прави своето, КГБ се мајстори за секој кој сака да и’ наштети на Мајка Русија, а во Татковината Македонија сме малку почовечни па се „бориме“ по форуми, медиуми, весници, телевизии, итн. А можеби сме само малку позаостанати. Можеби и ние треба да се угледаме на САД, Русија, Кина, и други, па малку да ја ограничиме бесконечнава слобода на говор. Али ја не се согласувам со тоа.
Можеби треба да бидеме благодарни што имаме држава во која секаде можеме да кажеме се’ што сакаме да кажеме, и да поминеме неказнето. Али јбг, разни људи разни чуди. :)
Не се согласувам. А ако се стварно такви, не се поразлични од владите на овие ценети господа:
Wow, ова ти е врв на цинизмот! :D Бранко (друг претседател на партија) не го одобрувал Груевски, оти Бранко е подобар од Груевски и е најсветол пример во нашата нова историја на независна Македонија! Браво бе! Бранко одеднаш треба да ни биде репер? Знаеш, во државава постојат луѓе кои би го депортирале типот без око да им трепне. И тоа луѓе кои не се партиски определени.
А да видиме кои други претседатели на партии? Театралниот Бошковски? Можеби Селмани или (откако падна од власт) сега екстремниот Тачи? Многу јаки политичари, мора да се признае! Бранко нема работено 1 ден у живот и нежно се покака на државава, Љубе право од затвор се затрча да квакне на фотелја, Селмани (и го одобрувам!) тргна да собере некој кајмак од албанскиот електорат, и Тачи, кој додека е на власт е најмирно јагне е кога е во опозиција прокламира борба за слобода и кроење Голема Албанија?
Овие не го одобрувале Груевски? Па немаат ни капацитет, ниту пак образ/кредит кај народот они нешто да го „проценуваат“ Груевски. Али секако, кој го боли ____ за народот... ви чуе вас за народот, радо би го преименувале, дури и против негова волја („Народот не треба да има мандат да решава за вакви клучни прашања!“ - тоа пискаа Шеќеринска, Андов, Макрадули, и компанија у последниве 2 години!).
Еден вака, можеби интелигентен предлог: Ако народот сакал и избрал ваква Влада (а САКАШЕ и ИЗБРА, и тоа ДВАПАТИ), зошто не го оставите да си ужива во изборот?
И на крај краева, ако опозиционериве не ги одобруваат политиките на позицијата/Владата (а зошто бе да ги одобруваат? Нормално е опозиција да клима со глава на позиција?), тоа не значи дека позицијата е нужно во грешка, а опозицијата е нужно во право. Можеби оној кој е во право е сепак позицијата, а не опозицијата?
Си размислувал ти за ова, или воопшто не е опција? Ако не е опција, супер, имаш едно огромно разбирање за Другиот (во Другиот спаѓаат и ВМРОвците). Толку големо разбирање што во твојов коментар (над мојов) оквалификува добар дел од народот како нацисти, бољшевици, матна југен младина, и се’ по ред. Просто зрачиш со толеранција! :D
Заклучок: ТИ ТРЕБА ДА ЈА ВОДИШ ДРЖАВАВА!
П.С. Се надевам дека коментаров ги исполни бенчмарковите за толеранција, елеганција, питкост на зборот, и воздржување од лични навреди. Мојот најголем „грев“ во текстов ми е повремената иронија. А таа не беше експлицитно забранета! :)
Еве, и денешен
Испратено на 19 декември 2009 од koljaЕве, и денешен „Дневник“ носи прилог кон темата за која расправаме:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C44C622495C40740899F10EC3B740E96
Познат ми е? Да не е
Испратено на 19 декември 2009 од Киро ВелковскиПознат ми е? Да не е претседателот на Кендо организацијата? Обезбеџење дан` беше на некој од премиерите?
Не Киро! Халуцинираш!
Испратено на 19 декември 2009 од ДушанНе Киро! Халуцинираш! Написот на текстот е 100% непристрасен! :)
На Окно, коментарите се
Испратено на 19 декември 2009 од ДушанНа Окно, коментарите се дефинитивно подобри од колумните, хаха! :D
Коља ти читаш ли што
Испратено на 19 декември 2009 од иќКоља ти читаш ли што цитираш?
Кескоски во текстов демонстрира класичен шовинизам.
Цитирам: „Трагедијата на оваа историја е тоа што секогаш тие што покажувале со прст кон македонските предавници не биле Македонци... ...Така, на пример, најголемите промотори на желбата да се претстави Бошкоски како предавник се Павловиќ и Томиќ...“ ?!?!
Велиш „Секон кретен е способен да урла за оваа или за онаа кауза (а знаеме од историјата дека најгласните кретени урлале за најмрачните каузи).“
Па ти ли Коља најде за урлање да збориш?
И уште нешто, ти стварно мислиш дека си живеел во комунизам?
Odgovor do Kolja
Испратено на 19 декември 2009 од GladenMakedonecNe se problem nasite politichki pogledi :) tie na krajot od kraistata i ne se vazni, problem se faktite koi gi izlozuvate.
So seta svoja doblest plukate po Bolsevistite i nivniot non sens za demokratija, se izvinuvam koj e simbol za demokratija? -Amerika?
Tamu sistemot e deset pati po losh od bolshevistichkiot pa nikoj ne go obvinuva, tamu nikoj ne smee da kaze deka e komunist....
Populizmot na bolshevistite e 10pati pomal od ovoj denes vo Makedonija pa i vo site drugi svetski zemji... nie ziveeme vo sonishta drugar Kolja.
Drugo, Bolshevistite i ako gi mrazam i site treba da gi mrazeme, sozdadoa eden poseben vid na politika, VMRO e daleku na drugata strana od taa politika, Bolshevistite od rijachka na raketa ja odnesoa SSSR, Bolshevistite go kachia prviot chovek vo vselenata.
Politichkite i ideoloshkite pogledi ne se bitni, bitni se faktite, a fakt e deka ako VMRO beshe 10% od toa shto bea bolshevicite nemashe narodov da sedi doma tuku ke beshe vo proizvodstvo (i ke go represiraa, i sega go represiraat)....
Nie sme vlezeni vo zlo, zlo narecheno monetaren sistem, zlo narecheno kapitalizam, zlo narecheno NAcizam.. site bea navlezeni i Bolshevicite i Nacistite i site se navlezeni od drzavite denes, i ne se nisto podobri od ovie minati sistemi..
Demokratijata postoi, ama samo za na televizija!
Crven pozdrav!
И, сега што да правиме бе
Испратено на 20 декември 2009 од ДушанИ, сега што да правиме бе брат? Кај да живееме за да не живееме во монетарен систем, капитализам, нацизам и демократија само на ТВ?
Да се преселиме на Месечината? :)
Take it or leave it, друго нема. Бар кога му праиш take it, можеш да го „месеш“ додека го „работиш“, за да го направиш барем малку подобро отколку што е. If you leave it, и ти гладен ќе останеш, и на тој до тебе нема во ништо да му помогнеш.
Living today is a tough job, yes, but someone's got to do it. Алтернативата е... Социјална помош. :D
Насловот на колумнава ме
Испратено на 20 декември 2009 од ДушанНасловот на колумнава ме инспирираше за следниов досетлив коментар:
Екстремизам или Идиотизам?
Ако Екстремизмот ја претставува Владата (заедно со куп други помали партии), тогаш кој го претставува Идиотизмот? Одговорот сам се наметнува. :P
А јас, кога би морал да бирам, секогаш би избрал да бидам Екстремен наместо да бидам Идиот!
Поздрав. :)
Се кладам дека зад името
Испратено на 20 декември 2009 од АнонименСе кладам дека зад името „Душан“ се крие Латас. 100% идентично резонирање. Неверојантно, дури чудовишно превртување на сите поенти во текстот и потоа полемизирање сам со себе. . И на крај самозадоволно поентирање како неговите коментари се подобри од колумните. Прв и последен пат ги читам твоите коментари „Душан“. Уф, напорно беше.
Нема проблем Анонимен,
Испратено на 20 декември 2009 од ДушанНема проблем Анонимен, повели и другпат! :)
Душан Стојчев
Испратено на 20 декември 2009 од Стојче ДушановПретходен Анонимен, грешиш и губиш опклада, а на Латас ушите му се црвени од што без него не можете, ова е Душан Стојчев, легенда на македонското интернет коментаторство. Напорен и досаден ко стеница, мисли дека е најпаметен, коментира по неколку километарски коментари еден по друг, секогаш мора последен да искоментира, не дај Боже да ти се закачи, нема спас! (Сега ќе видиш после овој коментар цела тирада)
А ти Никола Гелевски плиток демагогу и евтин платенику, кај си да објасниш зашто афирмативно линкаш колумни на телохранителот што се умислува самурај со очебиен говор на омраза?
Не се криј зад напинањето на Душан кое ќе ја сврти дискусијата само во нему познати матни води на неговиот збунет ум а тебе ќе те поштеди од многу објаснување.
Стојче, ај сега вака кога
Испратено на 20 декември 2009 од ДушанСтојче, ај сега вака кога еднострано се запознавме, ако може да се запознаеме и обострано, па да отидеме да пиеме по едно кафе и да си напраиме муабет, за да нели, се поштедиме од километарски постови и „тиради“? Ќе може ли? :)
А ако веќе сме се запознале (а изгледа сме се запознале), ја замолувам твојата индивидуа во иднина да се претстави со името кое и’ стои на лична карта. Секако, доколку твојата индивидуа има знаење за поимот фер.
Тоа е ако сакаш да си ги провериш тезите за мојот матен и збунет ум. То ест, ако не се плашиш да си ги провериш па да мораш да си ги голтнеш зборовите (замисли да не ми е матен и збунет умот, што ќе правиме после мајката!). Еве значи, ти нудам прилика научно да ја верифицираш твојата претпоставка. Во спротивно, може да си разговараме и тука, ама ќе те замолам во иднина да настапиш поаргументирано (па дури и „километарски“ аргументирано, те уверувам, ќе те прочитам), како би можеле читателите да те следат и да ти ги разберат и ставовите и мотивите.
П.С. Пишав дека коментарите на Окно се подобри од колумните оти некогаш навистина се. И тоа го напишав за сите коментари на сајтов, па и за овој над мене. И некогаш колумната е само иницијатор на дебата која потоа (природно) се одвива преку коментари. Како и на многу други сајтови. И ова е, според мене, природно. Ама тоа е само мое мислење, и дури и да е неточно, не знам зошто (ви) е толку проблематично?
П.П.С. Бојан Антиќ? ;)
Испратено на 20 декември 2009 од ДушанП.П.С. Бојан Антиќ? ;)
Mozebi i ne treba da se mesam
Испратено на 20 декември 2009 од VangelMozebi i ne treba da se mesam vo ovaa debata, no ete ke zazemam mal prostor.
Bi se lisil i sebesi i vas od visokoumni konstrukcii i da se obideme da gi kazeme rabotite pojasno i poednostavno:
1. Za da ti bide etnosot svet trebalo barem ednas istoriski tvojata partija da pobedi i da napravi drzava. Kako sto site normalni znaat VMRO nikogas, ama nikogas ne napravil drzava...
Naprotiv, sekogas koga taa partija e na vlast, idninata i postoenjeto na Makedonija e dovedeno vo prasanje. Mozeme i poveke, no tolku za svetosta na etnosot. Patem kazano, politickata filosofija na poltiticki stada e odamna napustena retorika duri i za najzatucanite evropski desnicari.
2. Ne se raboti za goamiti argumentacija vakva ili onakva, se raboti za politicki rezultati dosega na planot na evropskata perpektiva na Makedonija. Viznata liberalizacija na MTV se prikazuva od mozni 24, samo 22 casa kako ogromen uspeh na ovaa vlada. Duri i za Gruevski, sto e mnogu, mnogu e...
Ednostavno e, lica koi nemaat elementarni spoznanija za sovremenosta, umetnosta, literaturata, tuku naprotiv, se odzivaat na sobiranje na plostad za tepanje studenti, za mladi lica koi neguvat omraza kon -inite (kakvi i da se..), onie koi dobivaat zadaca da soberat 25 "dusi" za da zasluzat vrabotuvanje na nekoj od semestvoto, ako se raduvas na kvazivrabotuvanje znaejki deka ovaa drzava nema elementarna ekonomska logika toa da go prezivee, ako se kolnes vo "etnosot" a ogite nasabajle go ozvucuvaat Skopje goamiti e Tripoli od nekoja islamska gjamahirija, ako si seriozno ubeden deka ovie na vlast znaat sto pravat, togas, dragi Dusani, Kirovci i ostanati,
Kako i sekogas, taka i sega....
Ne ve biva dragi moi, zad vasite zborovi se krie nesto mnogu razlicno od obrazuvan i sovremen covek. Ednostavno, kolektivniot duh koj bezumno go promovirate e patosot na makedonskiot narod, gubitnicki mentalitet koj se perpetuira do beskraj.
Ти го почитувам ставот и
Испратено на 21 декември 2009 од ДушанТи го почитувам ставот и мислењето, ама не се согласувам со тебе.
We can all agree to disagree, right? ;)
Вангел, упристои си го тонот
Испратено на 21 декември 2009 од Киро ВелковскиВангел, упристои си го тонот малку, јас за тебе не сум Кировци...
Туку, дедо ми ја победил војната а не бил член на КПМ. Второ, и официелен став на КПМ е дека војната е и борба за македонско национално ослободување.
Кој им дава право на нивните наследници од Бихаќка да го продаваат името?
Vangel, apsolutno si u
Испратено на 21 декември 2009 од do VangelVangel, apsolutno si u pravo, ama problemot e sto i Keskoski kogo Kolja Dijamantov ovde go posocuva kako primer e ist takov a i DEBILOT brat Ljube e ist takov a sega istite sto se podbivaa so nego go branat. E toa e momentot na bljuenje vrz kurvive sorosoidni/sds.
Pa celata taa partija na sestra Ljubinka se hard core vmrovci za koi ne se naslo mesto kaj portokalovive. Kaj sestra Ljubica doma ima portreti od krvnicite na narodov Aleksandrov i Mihailov i ti nego go smetas za evropski i civiliziran, pa toj e bre naci-opanok, ist ko tie sto gi nabroja. Vmrovec si e vmrovec, pa bil toj kaj Grujo, Ljubco ili Ljube, isto sranje u drugo pakovanje, prvite se anticki, vtorive bugarski a poslednive so da e, i sds ako treba samo na vlast da se bide. A i sds se ist proliv, zatoa edvaj pola narod izlaga na izbori, toa e sose "zaednicite", a samo Makedonci ni tretina ne izlagaat i taa tretina glasa za site buljasi, a dve tretini (~800.000) sedat doma i zatoa posle imas retardirani lopata likovi sto ke poebat se zivo..
Site s(m)e u pravo!!
Испратено на 21 декември 2009 од VangelSite s(m)e u pravo!!
Го разбирам твојот бес.
Испратено на 21 декември 2009 од Кирил до „до Вангел“Го разбирам твојот бес. Повеќе или помалку го делам и јас. Меѓутоа, колку и да не ми се допаѓаат ставовите на Бошковски, колку и да ми се блуе од она што го правеше додека беше во владата на Љубчо Георгиевски, она што сега му се случува не го прават ни хиените. Оваа хајка, јавен линч спонзориран директно од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, (башка бомба во автомобилот на негов близок роднина - до кај е истрагата, знае ли некој?) е злосторство за кое некој во некои нормални услови мора да одговара. Нешто слично секојдневно им се случува и на други личности, само поради искажан став (пред некој ден Вечер објави, по кој знае кој пат, список на предавници, проширен и надграден). И тука на сите Душани и Кировци не им помагаат никакви високоумни конструкции (како што кажа Вангел). Срамота е да се правиме како ова не го гледаме, а злосторство е ако (дури и преќутно) го подржуваме.
П.С. Коља, линкот ти е кобна грешка која верувам ја сфати веднаш и сега се каеш.
Поздрав
Знаете, во изработка е и
Испратено на 21 декември 2009 од ДушанЗнаете, во изработка е и Закон за лустрација... :)
Кирил, линкот кон тој тип од
Испратено на 21 декември 2009 од koljaКирил, линкот кон тој тип од ОМ не е грешка. Глеј, клучно е прашањето на слободата. Ја сакам за себе, морам да им ја овозможам на другите. Политичката слобода е алфа и омега и на сите други слободи во општеството: „не се согласувам со тебе, ама до смрт ќе се борам за правото да го кажеш своето мислење!“ Така и за ОМ: сосема го делам вашиот презир кон Бошковски (и Љубчо Георгиевски, впрочем, иам напишано десетици жестоки текстови против нивното кабадахиско владеење). Дури, да ми се избор само Груевски, Бошковски и Георгиевски, веројатно би гласал за Груевски (иако го сметам за една од најкатастрофалните политички варијанти што ја стрефија земјава). Значи, линкот е само зашто тој човек оправдано пишти по слобода и прави некакви аналогии (со комунизмот) што овде беа загатнати... Можно е аналогиите да му се сомнителни, но тоа не е ни важно, линкот нудеше само проширено поле за дискусии, а не афирмација или негација, не бар од моја страна...
Велиш: „Дури, да ми се
Испратено на 21 декември 2009 од ДушанВелиш: „Дури, да ми се избор само Груевски, Бошковски и Георгиевски, веројатно би гласал за Груевски (иако го сметам за една од најкатастрофалните политички варијанти што ја стрефија земјава).“
Па, ако не се лажам, на последниве два парламентарни избори, изборот навистина беше меѓу Груевски, Бошковски и Црвенковски (наместо Георгиевски).
Изгледа и ти би/си гласал за Груевски, и тоа двапати, според аналогијава? Освен, секако, доколку не мислиш дека Бранко Црвенковски е најмалото зло од понудениве.
Во ред, те сфатив. И додека
Испратено на 21 декември 2009 од KirilВо ред, те сфатив. И додека текстот навистина беше оправдано „пиштење по слобода“, делот кога авторот вели дека Томиќ и Павловиќ како главни јуришници на хајката против Бошковски (за кого искрено мислам дека доживеа политичка, па, и ментална трансформација, во позитивна смисла..можеби грешам) не се квалификувани за „задачата“ поради тоа што презимето им завршува на „иќ“ (тие не се квалификувани ради милион други причини, но никако поради тоа „иќ“) во тој дел видов говор на омраза.
Тоа, Кирил, апсолутно не е
Испратено на 21 декември 2009 од koljaТоа, Кирил, апсолутно не е спорно! Етикетирањето на луѓето, и жигосувањето по етничка, расна, родова, полова, културна итн. припадност - е средновековен ужас! Кој ние, за жал, го живееме.
А друга интересна тема е повеќегодишното приближување на ВМРО до некои слични националистички кругови во Србија (делумно ги спојува и анимозитет кон Албанците). Видовте ли вчера на свечена конвенција на ВМРО се пеат песни-тажаленки за изгубеното Косово Поле! Поврзаноста со тие матни српски гангстерско-разузнавачки структури (кои имаат значајно и регионално влијание) е она што им дава ветар во грб на неколку овдешни новинарски инсталации кои господарат (и идеолошки и културно-воспитно и полициски) со сегашнава мизерна ВМРО. Веројатно и тоа ги нервира во ОМ, ама начинот на кој го презентираат тоа е катастрофален, шовинистички и дискриминаторски. За жал, по урнекот на своите бивши сопартијци, гледаат дека со тоа сеуште се ловат политички поени во Мк... Се разбира, страдалникот од сите тие валкани игри сме ние, граѓаните, жигосани и офарбани со сите можни етикети, ко да играме пеинтбол, цела земја!
Не дека нешто посебно ги
Испратено на 21 декември 2009 од Киро ВелковскиНе дека нешто посебно ги поддржувам Србите, ама па, ем 1999-та ги окупираше НАТО (за прв пат ничим изазвани на европско тло и тоа низ МАКЕДОНИЈА), ем сега треба да престанат да си ги пејат песните за Косово Поле?!? Ова ми личи и дека и ние ќе треба сите песни каде што се споменува Солун или Македонија, со време да ги препееме (Тесалоники/СевернаМакедонија) или да престанеме да ги пееме?!?
Туку, ВМРО секогаш бил на друга страна од српските намери и цели, што им бидна па сега? Нели од секогаш албанската и македонската идеја се бореле против „големите“ на Балканот? Од кога Ранковић треба да ни ја крои политиката?
Велиш: „Етикетирањето
Испратено на 21 декември 2009 од ДушанВелиш: „Етикетирањето на луѓето, и жигосувањето по етничка, расна, родова, полова, културна итн. припадност - е средновековен ужас! Кој ние, за жал, го живееме.“
Целосно се согласувам. Ама дали си сигурен дека во целост го применуваш ова?
.....Видовте ли вчера на
Испратено на 21 декември 2009 од Dame1612.....Видовте ли вчера на свечена конвенција на ВМРО се пеат песни-тажаленки за изгубеното Косово Поле! .....
Ми текинја на оној панаданон на Груевски од Грузија Саакашвили . А можда Саакашивили и ВМРОВци ги спојува желбата за обединета Грузија и Македонија .... Да но Саакашвили и демократа - а ВМРО комунисто нацисти бе ... Плус Саакашвили имаше армија по НАТО стандарди и наместо да ги прехрани гладните Грузијци имаше една милијарда долари воен буџет ...
.....Видовте ли вчера на свечена конвенција на Грузиската демократска десница се пеат песни-тажаленки за изгубеното Абхазиско Јужно осетиско Поле! ..... може и овака ...
„Косовка девојка“
Испратено на 22 декември 2009 од иќ„Косовка девојка“ е провокација ама споменик на Скендербег е демократија.
Браво Гелевски, србофобија секогаш пали, и за Албанци и за ВМРО-вци (барем бугарофилскиот дел, ама и кај античариве) и за проНАТО-вци.
@Kiro Velkovski Vikas: "Нели
Испратено на 23 декември 2009 од Анонимен@Kiro Velkovski
Vikas: "Нели од секогаш албанската и македонската идеја се бореле против „големите“ на Балканот?"
Netocno po poveke osnovi.
Prvo, albanskata i bugarskata ideja se borele zaedno, nemalo nikakva makedonska ideja, barem ne nacionalna, Petar Caulev so bugarska trobojka vo 20 vek kreval Debarsko vostanie so Albancite zaedno protiv losite strasni kleti golemi Srbi koi eve se losi duri koga i pesni peat. Toa e "normalno" vo politika, sekoj e prijatel so onoj so kogo ne granici a pomegju imaat zaedicki neprijatel posto neprijatel e sekoj sosed - toa e moronskiot plemenski rezon na Balkanov, znaci "prijateli" se; Srbi i Grci, Bugari i Albanci, Bugari i Hrvati, Albanci i Hrvati, Turci i Makedonci
Vtoro, i albanskata i bugarskata i podocna nastanata makedonska ideja (Cento) se borele protiv "golemite" za da tie stanat "golemi" t.e. vo "etnicki granici" kako sto sekoj si gi prikazuva golemodrzavnite aspiracii na teritorii koi se nasle vo sostav na sosedite (isto taka nepravedno).
Treto, na Balkanov vo poslednive vekovi nemalo "golemi", a samo pioni na golemite sili.
Ах. А јас пак наивно мислев
Испратено на 23 декември 2009 од ДушанАх. А јас пак наивно мислев дека зад Крушевското востание стоела каузата за слободна Македонија, и дека зад заложбите на Мисирков за некакви негови „Македонцки“ работи, стоела желбата за независна Македонија и очигледно признавање на македонското прашање како единствено.
Колку сум глуп... :)
...zemjava e edna golema
Испратено на 23 декември 2009 од Анонимен...zemjava e edna golema dushevna bolnica.....
muzej na voshtani
Испратено на 23 декември 2009 од Анонименmuzej na voshtani figuri....hahahahahahahaahahhhhhhh
Не бе, Душане во право си
Испратено на 23 декември 2009 од АнонименНе бе, Душане во право си бил, токму така е како што велиш, а за другиве прочитајте малку Мисирков што вели за српската политика кон Македонија. И да им порачам на овие од ДПМНЕ, идниот пат да си ја пеат „Спрем’те се спрем’те четници“, галиба повеќе ќе им одговара. Патем речено, „иќ“, мене немаше да ми смета косовска девојка на собир на партијата на Стоиљковиќ, работата е тоа што една група што го носи името ВМРО, на своите собири ја пее таа песна, а идеолог на партијата им е последниот човек што му бацил рака на Милошевиќ и кој катадневно брифира кај српските служби. Знаете сите вие големи патриоти за кого се работи.
Прво фала за личноста која ја
Испратено на 23 декември 2009 од ДаниелПрво фала за личноста која ја пронајде книгата и ја сподели со нас.
И добра колумна на Гелевски!
До Анонимниот што ме прозва
Испратено на 24 декември 2009 од иќ„Спрем’те се спрем’те четници“ баш е македонска песна зашто во неа станува збор за борба меѓу србомански четници предводени од локалниот војвода Бабунски и бугарашки(вмровски) водени од Егеецот Стефан Димитров во велешкото село Дреново.
Типична македонска приказна за братоубиствени поделби.
Еве ви го оригиналниот текст (многу подоцна Србите ќе го заменат со текст за Дража):
Дека се чуло разбрало
Дека се чуло разбрало србска ми труба трубеше,
србска ми труба трубеше, магла се низ Вардар губеше.
србска ми труба затруби, во това село Дреново
Спремте се, спремте четници, силна ќе борба да биде
Најнапред иде пред чета, Јован Бабунски војвода,
По њего иде пред чета, Васиљ Велешки војвода
Извика Јован Бабунски, држите село оздола,
држите село оздола, тува је Стефан Димитров,
извика Јован Бабунски, предај се море Стефане
Не се предавам, аз с`м б`лгарски војвода.
Повика Васиљ Велешки, фрљајте бомбе во куќа,
Почна ми куќа да гори, од куќа Стефан говори,
Пуштај ме море, Јоване, комити ќе ми огањ изгори.
Србска ми труба трубеше, Дреново село огањ гореше.
Kolja fati da bistri politika
Испратено на 24 декември 2009 од robertKolja fati da bistri politika so dengubcite koi spijat na okno, iako e "sranje"? Koe trosenje energija...
Бугарашки (вмровски) велиш а?
Испратено на 27 декември 2009 од АнонименБугарашки (вмровски) велиш а? Интересно. Демек секогаш тие што биле за независна Македонија, биле бугараши. Целата интелигенција била вработена како наставен кадар во Егзархијата, ама сепак ние плукаме по егзархијата. И сепак тоа што се пее Девет Југовиќи на собир на т.н ВМРО не е проблем, проблем ќе беше да се пееше за Тодор Александрво кој влегол во војна со бугарската држава бидејќи ја сметал за окупатор на Пиринска Македонија, ама штом титовистите велат оти бил предавник и грујовистите се сложуваат.