Звонко Маковиќ: СК 2014 не е културен туку политички проект

05.04.2014 09:38

Интервју со хрватскиот историчар на уметност, поет и есеист Звонко Маковиќ, кој говори за проектот СК 2014, за политичките и естетските аспекти, за архитектурата и скулптурите  и  за критериумите според кои се бираат авторите на спомениците  и градбите.

-Не станува збор за културен туку за политички проект, кој нема никаква врска со уметноста, ниту со естетиката. Тоа е вулгарна естетика, тоа е ноторен кич, но пред сè тоа е политички кич кој го покажува самоволието на власта, која наспроти стручната јавност го спроведе својот политички проект.

-Шизофрено е да се измислува некоја стварност што не постои, како што не постои бетонска галија. Како што никогаш не постоеле галии на реки, ниту на Дунав кој е поголема река од Вардар. Ниту на Рајна никогаш немало галии. Според тоа, се работи за една лага, како што се лаже и во материјалот.

-А тука, сосема сигурно некој има голема материјална корист. Вие немате патишта, тротоари училишта и зошто тогаш да се градат вакви објекти со ваши пари? Јас ја проучувам идеологијата на нацизмот, доктрината на Хитлер која ја унакази Германија, кога власта, властодржецот директно диктирал како ќе изгледа Германија.