Град

10.04.2014 09:48
Град

НАШИОТ СЕЛАНЕЦ

Се смета дека секој возрасен Французин испива
По неколку илјади чашки
Вино
Така и алкохолот и тутунот гнасните биоскопи
Пијанките и чаламот по славите
По панаѓурите по свадбите
Му одземаат на нашиот селанец

Зиме
Велеше предавачот на трибината
Не е реткост да се види убава колесница пајтон
Убави коњи гиздави свекрви и невести
Кај одат по пријатели
Се лелеат тантели и панделки
Умен би се засрамил

Се смета дека секој возрасен Французин испива
По неколку илјади чашки
Вино
Тоа му одзема
На нашиот селанец

ГЛАД

Познато е дека во мигов
Безмалу три милијарди
Ја превртуваат површината на земјата
Бушат и копаат по морињата
Се потат и пцовисуваат по творниците
За да можат да ја наполнат чкембата

За да се потсетиме на бедата и на скудноста
Да се сетиме дека тука
Во нашево соседство
Невработени се десетици
Вредни работници и дека безделните
На нивната среќа катаден
Со завист гледаат и
Гладуваат или од глад умираат

ГРАД

Во својот повоен живот
Имаше многу баш баш радосни дни
Славеше годишнини од ослободување
Славеше работни победи
Со восхит бележеше датуми
Големи истории
Срдечно го дочекуваше претседателот

Во тетратката обложена со боена кожа
Прибележа
Пет средби и
Тоа го остави во вечно
Драго незаборавно сеќавање

Во тие мигови
Болката и достоинството и заветот и
Верноста бликаа од насолзените очи

Беше чесно
Беше прекрасно да се живее со тоа

Други песни од Драгана Младеновиќ може да прочитате овде.

Извор: Граѓа за убав роман, Темплум, Скопје, 2013.
Превод: Виктор Шиков
Слика: Сем Ларсон

ОкоБоли главаВицФото