Жени со апетит

10.04.14 15:45

Уметницата Ли Прајс создаде серија (хипер)реалистички слики, на кои се прикажани жени кои конзумираат храна во нивното приватно и интимно катче. Храната на сликите понекогаш изгледа како забранета, а понекогаш утешителна. Делата на Прајс реферираат на врските помеѓу храната и претставата за телото, зависноста и нескротливата желба.

„Во нашето општество има преголем притисок врз жените да бидат витки. Не треба да имаме апетит - не само за храна, туку за многу работи. Ние сме оние што овозможуваат нешто, не оние кои конзумираат; мислам дека некои од моите неодамна изработени слики се за жени кои зјапаат во гледачите и велат: 'нема да си го цензурирам апетитот'“, го коментира Прајс своето творештво.

Извор: Ignant

 

ОкоБоли главаВицФото