Марина Абрамовиќ и едно големо ништо

11.04.2014 09:35
Марина Абрамовиќ и едно големо ништо

Една од родоначалничките на перформансот како уметнички правец, славната Марина Абрамвиќ, подготвува нов перформанс ова лето во лондонската галерија „Серпентин“, за кој тврди дека е нејзино најрадикално дело.

Перформансот кој ќе се вика „Ништо. Нема ништо“ ќе трае вкупно 65 дена, во текот на кои уметницата ќе престојува осум часа дневно, шест дена во неделата, колку што работи галеријата „Серпентин“.

„Тука не постои никакво изложено дело. Таму ќе бидам само јас. И посетителите кои се мој жив материјал. Тоа е нешто најрадикално, најчисто што можам да го направам“, објасни Абрамовиќ на гостувањето на радио Би-Би-Си во почетокот на арпил.

Како што се наведува во соопштението на галеријата „Серпентин“, посетителите кои ќе дојдат да го видат перформансот на Марина Абрамовиќ, по влегувањето во галеријата ќе бидат „пренесени“ во сосема друга димензија, оттргнати од секојдневието кое ги опкружува. Поради тоа, секој посетител ќе мора да ги остави своите работи и да влезе во изложбениот простор без телефон, часовник, чанта или што било што го поврзува со сегашноста.

Во текот на перформансот, Абрамовиќ ќе користи неколку познати, дискретни предмети, со чија помош ќе воспостави интеракција со посетителите.

„Ќе бидам таму секој ден, осум часа, со публика која воопшто не ја познавам. Кога тие ќе пристигнат и кога јас ќе пристигнам, нешто ќе се случи. Сакам да покажам дека можете да направите уметност од ништо“, вели Абрамовиќ за својот перформанс.

Перформансот „Ништо. Нема ништо“ е своевидно продолжение на нејзиниот перформанс од 2010 година „Уметникот е присутен“, кој е приреден во њуројшкиот Музеј на модерна уметност (МоМА), заедно со ретроспективата на нејзините рани дела, овој пат изведени со помош на помладите колеги.

Тогаш Абрамовиќ три месеци немо седеше среде музејот, додека пред неа се менуваа посетителите. Целиот перформанс е документиран и преточен во филмот „Марина Абрамовиќ: уметникот е присутен“.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото