Везови на хартија

14.04.14 10:27

Претставуваме дел од везовите на хартија на македонската уметница Адријана Ананиева, кои се дел од изложбата „Вези-вези... ред конец, ред поезија“, отворена на 12 април во АКЦС.

„Мојата баба ме учеше да плетам, да везам, да играм со конци и плетки. Но, денес знам само една летка, онаа со вкрстување на нишките. Во почетокот, најважни ми беа боите. И сè уште се. А формите се нижеа сами по себе“, вели Ананиева за своите везови.

Изложбата на која може да ги погледнете везовите на хартија е отворена до 21 април.

Извор: АКЦС

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото