Fucking Tourist

15.04.2014 12:22
Fucking Tourist

Секој што се нашол покрај група туристи или и самиот бил во улога на турист мора да признае - туристите понекогаш знаат да бидат напорни. Само еден аспект од нивната „напорност“ е тоа што во потрага по „автентично искуство“ секаде го пикаат носот и камерата.

Фотографот Николас Демерсман се занимава со односот на туристите кон „трофејните фотографии“ на локалците во својата серија „Fucking Tourist“, во која портертира жители на разни земји - од Перу, Јордан, Куба, Либан и други - облечени во помалку или повеќе традиционална облека, што за туристите обично е провокација да ги вперат своите фотоапарати во нив. Меѓутоа, на фотографиите на Демерсман луѓето не се беспомошно изложени на туѓите погледни, туку сите имаат подигнат среден прст, симболизирајќи го на тој начин она што најрадо би го рекле кога ги фотографираат без прашање.

Сѐ започнало така што и Демерсман сакал да фотографира еден таков „живописен локалец“, а кога го прашал за дозвола добил одговор: „Мавни ми се, не сакам да завршам на разгледница“.

Демерсман ги објавува фотографиите на својот блог, а серијата „Fucking Tourist“ во моментов е изложена во париската галерија Geraldine Banier.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото