1014 hPa
73 %
21 °C
Скопје - Чет, 10.09.2026 03:10

Живееме во култура на славните (celebrity culture). Ѕвездите, фамозните, познатите, прочуените, џет-сетот, трендсетерите речиси цел век ни го продаваат животиот стил, гламурот, раскошот, производите за разубавување и илузијата дека нѐ пуштиле зад завесата.
Британската кралска венчавка („кралски шоу-бизнис“, 120 милиони евра приходи за Лондон) на 29 април 2011 пренесувана во живо од Лондон за милионски ТВ аудиториум, нѐ учеше и на соодветно облекување и етикеција со која мора да овладееме пред утре да станеме „Ваше височество“.
Зарем не е онаа Кејт отелотворен доказ дека и ние можеме да се качиме на балконот и да бидеме обожувани?
Изгледа дека тој сон има и друга страна: среде раскошната кралска венчавка светски хит стана тригодишното кумче на Вилијам, Грејс ван Кутсем, кое, кога се појавија Вилијам и Кејт на балконот на Бакингемската палата, ги покри ушите, со лут израз на лцието. Ѝ пречеше вревата, а и беше бесна затоа што не ѝ дозволија да се вози во кочијата...
Го гледаме нивниот раскош, нивната опрема, нивниот прибор, нивните коли, местата каде што вечераат и патуваат, некаде во себе лути затоа што не сме поканети во кочијата, ги чекаме на свиокот наречен „и богатите плачат“, па наместо комшиите, со снимките на папараците и со креативната помш на трач-рубриките, ги озборуваме тие странци од белиот свет. Формулата не е нова. Наслов од 1964: „Колку долго може Ричард Бартон да ја држи Лиз Тејлор и својот ликер?“
Некогаш сепак подразбираме дека глумците, пејачите, авторите, уметниците, спортистите и балерините имаат талент да станат познати.
Пред интернетот вратата на славата ја чуваа агентите, менаџерите, директорите на филмските студија и уредниците. Сега преку многу повеќе порозната врата на славата полесно поминува срамот.
Во популарниот поечат тој вентил го отвори уште во 1925 оној Волтер Винчел, поранешен глумец во водвиљите, пријател на еден гангстер во време на прохибицијата и трач-колумнист во весникот „Њујорк дејли мирор“, пишувајќи за тоа кој со кого има романса, кој се плетка со гангстерите, кој е болен, кој умира, кој има финансиски проблеми, чија жена има афера и за десетици други тајни.
За некои социолози, културата на славните е нешто фриволно и тривијално, во споредба со сиромаштијата, расизмот или криминалот, а други пак велат дека сагите за фамозните се всушност црн екран на кој ние ги проектираме своите аспирации и грижи, конфликтните идеи за човечките односи, за бракот, семејството, полот, сексот, расите и класите.
Извор: vreme.com