
Сега за сега, видеово претставува пародија на изборната кампања на восочниот претседател, безгласна буква и марионета на Груевски, Ѓорге Иванов (кај Хунзите познат и како Св. Хорхе Казахстански). Арно ама, како што тргнала работата со хоровите на преродбениците, нема да нè зачуди ако утре пропагандната кујна на ДПМНЕ мртва сериозна стокми слично предизборно богослужение.