Британски интелектуалци го обвинија Камерон за поттикнување верски поделби

22.04.2014 12:36
Британски интелектуалци го обвинија Камерон за поттикнување верски поделби

Група научници, академици и угледни писатели го обвини британскиот премиер Дејвид Камерон дека поттикнува верски поделби во земјата, повторувајќи дека „Британија е христијанска земја“.

Писмото е објавено во весникот Daily Telegraph, а по повод статијата од минатата недела во Cherch Times, во која Камерон зборува за својата вера и за тоа како му помогнала „да го пронајде својот мир“. Меѓу другото, Камерон зборува и за тоа дека Британија треба да покаже „посилно уверување дека е христијанска земја“.

Повеќе британски јавни личности, меѓу кои се и Филип Пулман, Хелена Кронин, Ричард Норман, Тери Прачет и други, наведуваат дека ги почитуваат религиските убедувања на пермиерот, но дека проблемот е во карактеризацијата на Британија која е „плурално општество на главно нерелигиозни луѓе“.

„Со постојаните тврдења дека е поинаку, се поттикнуваат отуѓувањето и поделбите во нашето општество. Тоа непотребно ја исцрпува енергијата во верски дебати кои се отсутни во животите на повеќето Британци, а тие не сакаат религијата и верскиот идентитет да бидат приоритети на власта“, стои во писмото потпишано од 55 угледи личности, меѓу кои има и научници, писатели, филозофи, академици...

Според пописот од 2011 година, процентот на британски граѓани кои се изјасниле како христијани е 59%, или нешто повеќе од 32 милиони, што е за 13% помалку отколку 10 години порано, а 14% се изјасниле дека немаат религија.

Од канцеларијата на Камерун соопштуваат дека премиерот повеќе пати во јавните говори истакнувал дека е горд што Британија е дом на различни верски заедници.

Извор: www.telegraph.co.uk

ОкоБоли главаВицФото