Нашите животи не се повредни

26.04.2014 09:04
Нашите животи не се повредни

Двајцата беа жртви на тероризмот, недолжни настрадаа во заседа и пукотница. Едниот беше палестински тинејџер кој берел шумски плодови за да заработи малку пари за своето семејство, другиот висок полициски службеник кој го возел семејството на седер песах во населба на Западниот брег.

Тинејџерот бил убиен затоа што, според зборовите на неговиот убиец, се обидел да ја саботира бариерата која го раздвојува неговото село од земјата во сопственост на неговото семејство. Полицаецот е убиен зашто неговите убијци во него виделе окупатор, кој се движел во окупираната територија како да е негова. Ниедно од овие тврдења ни најмалку не ги оправдува овие убиства.

Тинејџерот го погодил во глава снајпер, иако тој за никого не претставувал опасност.

Убијците на полицаецот пукале на сите страни, загрозувајки го животот на неговите сопатници, иако тие не претставувале опасност за никого. Двајцата, и тинејџерот и полицаецот, оставија зад себе ожалостени семејства, скршени од болка и неверување. Убиени се на само неколку километари раздалеченост, во планините на јужен Хеброн, во растојание од неколку недели.

Командантот Барух Мизрахи бешеубиен од палестински терорист, а Јусеф Шавамр од израелски војник. Двете убиства се еднакво криминални.

По смртта на Мизрахи следеше интензивна потера, целиот град беше блокиран, а беа вршени претреси од куќа до куќа. Може да се претпостави дека убиецот и неговите налогодавци, ако бил испратен од некој друг, ќе бидат уапсени и испратени на доживотна робија.

Нема потреба да се трага по убиецот на Шавамр - тоа се војниците на Израелските одбранбени сили и идентитетот на нивниот командант од 77-от оклопен баталјон е добро познат. Никој не планира кривично да ги гони за тоа што го сторија.

На смртта на Шавамр, во својата четиринаесетта година, не ѝ е посветено многу внимание во израелските медиуми. Смртта на Мизрахи, на 47 години, доби огромно медиумско внимание. Потребен е напор да се сфати механизмот на перење на мозокот во Израел, кој прави ваква разлика меѓу жртвите.

Тој механизам е следниот - на израелската жртва мора да ѝ се посвети пошироко и поблагонаклонето внимание во израелските медиуми во однос на палестинската жртва. Така фунционираат светот и медиумите, особено кога се темелат на поттикнување страв и зачувување на „племенскиот“ оган.

Но, тешко е да се остане нем на пренагласеното известување за ужасното убиство на Мизрахи, покрај речиси непостоечкото известување за ништо помалку страшната смрт на Шавамр.

Смртта на Мизрахи произведе информативни емисии, секако, со водители со автоматско меланхолични маски, а извештаите од неговиот државен погреб ги полнеа насловните страници на весниците. Има ли нешто што не е кажано и напишано за Мизрахи? „Каде е тато, дали е на небото?“- врескаше насловот во Yedioth Ahronothu. „Со само осум години го рецитира кадишот над телото на својот татко“, гласеше насловот на правата страница на Israel Hayoma.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја обвини палестинската самоуправа за поттикнување на убиството. Групата пратеници во Кнесет која се среќаваше со палестинскиот претседател Махмуд Абас за време на погребот, за малку не беше обвинета за велепредавство. Абас е обвинет дека го осудил убиството „само зад затворени врати“.

А што е со Шавамр? И на неговиот погреб имаше расплакани деца и луѓе со препукнато срце, и тој беше нечија љубов - на својата мајка, и неговиот татко, како и синот на Мизрахи, сака убијците да се фатат и да и бидат изведени пред лицето на правдата. Никој, дури ни Палестинците, не помисли на запирањето на мировните преговори како причина за смртта, а Абас, поради некоја причина, не се осмели да го обвини Нетанјаху за поттикнувањето кое доведе до убиството на Шавамр.

А Нетанјаху? Тој не го осуди убиството на ова момче, дури ни „зад затворени врати“. Тоа од него никој не го побара, на крајот на краиштата, тој е сепак премиер на избраниот народ и врховен командант на етничката војска.

Нека ви е лесна земјата, Барух Мизрахи и Јусеф Шавамр (или би требало да се каже, нека Бог ги одмазди). И двајцата бевте непотребни жртви на маѓепсаниот терор кој убива недолжни луѓе.

Извор: Haaretz

ОкоБоли главаВицФото