Колку филозофи се потребни за да сменат светилка?

26.04.2014 09:47
Колку филозофи се потребни за да сменат светилка?

Колку филозофи се потребни за да сменат светилка?
-Зависи што подрзбираш под „промена“
-Хммм… навистина интересно прашање, зарем не?
-Дефинирај „светилка“
-Од каде знаеш дека треба да се смени?
- Тројца. Еден да ја смени, а двајца да расправаат дали постои.

Колку деконструктивисти се потребни за да сменат светилка?
-Напротив, Нил е најдолга река во Африка.

Колку аналитички филозофи се потребни за да сменат светилка?
-Ниеден. Тоа е псевдо-проблем. Светилката се вика така зашто дава светлина. Ако е прегорена, скршена или не дава светлина од која било причина, тогаш воопшто не е светилка, па оттаму и не може да се смени светилката. Сево ова е зашто не разбираме како функционира јазикот.

Колку кантијанци се потребни за да сменат светилка?
-Двајца за да ја сменат светилката-појава, и еден да објасни дека можеби воопшто не сме ја смениле светилката-по-себе.

Колку хераклитовци се потребни за да сменат светилка?
-Ниеден. И онака тоа никогаш не е истата светилка.

Колку застапници на теоријата на говорни чинови се потребни за да сменат светилка?
-Дали навистина сакаш да знаеш или само ми бараш да ја сменам?

Колку епикурејци се потребни за да сменат светилка?
-Ниеден. Тие имаат попаметни работи да прават - во темница.

Колку модални логичари се потребни за да сменат светилка?
-Зависи во кој можен свет.

Колку скептици се потребни за да сменат светилка?
-Ниеден. Не можеш да бидеш сигурен дали навистина си во мрак. А и за такви дреболии не вреди човек да си го распипува раатот.

Колку Даниел Денетовци се потребни за да сменат светилка?
-Зависи колку верзии од светилката има кои одговараат со бројот на верзии од Денет.

Колку геделијанци се потребни за да сменат светилка?
-Тројца. Само, аман, не барај да ти докажам!

Колку картезијански дуалисти се потребни за да сменат светилка?
-Да ти кажам право, не сум сигурен дека воопшто можат. Некни дванаеет души пробуваа, но и покрај тоа шо се изнакачија сите еден врз друг на рамена, сепак не ја достигнаа светилката.

Колку монисти се потребни за да сменат светилка?
-Не зафркавај. Има само еден монист.

Колку аристотелијанци се потребни за да сменат светилка?
-Точно четворица. (Како и за што било друго, штом се работи за каузалитет).

Колку марксисти се потребни за да сменат светилка?
-Светилката во себе го содржи зачетокот на својата сопствена промена. Дури сама не стаса за сменување – џабе се и 1000 души. А кога ќе стаса – доста е и еден.

Колку ничеанци се потребни за да се смени светилка?
-Ниеден, само треба да чекаме пак да дојде моментот кога светилката ќе почне да свети.

Извор: akindin.com

ОкоБоли главаВицФото