Иванов ги промовираше перниците на кои планира да го преспие и вториот мандат

28.04.2014 13:36
Иванов ги промовираше перниците на кои планира да го преспие и вториот мандат

Скопје, 28 април 2014

Веднаш по потврдата на изборните резултати, претседателот Иванов организираше средба со новинарите на која ја промовираше својата нова колекција перници.

Иванов информираше дека на оваа колекција, која е подарок од неговиот пријател претседателот на Казахстан, планира да го преспие и својот втор мандат.

Тој потврди дека планира да продолжи со своите принципиелни политики да не се меша во својата работа, и дека останува посветен на пронаоѓање на античките корени на македонскиот јазик и разумниот компромис.

Извор: brejking.net