Кризата е шанса!

28.04.2014 14:10
Кризата е шанса!

Седум најфреквентни тези со кои се оспорува одлуката за делегитимирање на изборите и шест мои куси одговори:

1. Победата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, таа покажува јасно изразена политичка волја. Ништо од сето ова не знаеме додека не се организираат слободни избори. Никој не ја оспорува волјата на оние кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Но, таа мора да се изрази во фер и демократски процес. Не вака.

2. Изборите беа мирни, слободни, фер и демократски. Да, беа мирни. Најмирно е во Бутел, на гробишта. Беа мирни, затоа што слободата во оваа земја одамна е убиена и погребана, а ваквите „избори“ се нејзини парастоси. Изборите не беа ни слободни, ни фер, ни демократски. Изборите беа корумпирани и искомпромитирани.

3. Опозицијата да си преспие, да се преиспита и да не работи за интересите на оние кои не ѝ мислат добро на Македонија. Оваа суптилна закана ни ја упати премиерот лично. Инаку, се согласувам со тезата. Доста работевме за интересите на оние кои не ѝ мислат добро на оваа земја. А добро не ѝ мислат тие што не сакаат таа да биде слободна и демократска.

4. Странците нема да го одобрат бојкотот. Можно е. Но, меѓународниот фактор веќе регистрираше дека Македонија има проблеми да организира фер и слободни избори. Опозицијата мора да им каже дека за неа е неприфатлив ваков изборен процес во една демократска земја, кандидат за член на Европската унија. А гласаме ние, не странците.

5. Ако опозицијата ги врати мандатите, власта ќе распише дополнителни избори и „хокеарски“ ќе ги замени. Неќе моќи! Законот вели дека вратените мандати ги преземаат наредните кандидати од листата. Ако се исцрпи листата, се распишуваат дополнителни избори, но не само за вратените мандати (тоа никаде не го пишува). Пропорционалниот модел подразбира гласање за листи. Дополнителни избори во сите шест изборни единици, практично, би значело целосно нови избори.

6. Груевски има „резервна опозиција“. Е видовме дека нема! Вкупно еден пратеник од ГРОМ – тоа е неговата „резервна опозиција“.

7. СДСМ ќе се распадне поради политичката криза. Глупости! СДСМ ќе се распадне ако сака да се распадне. Триесетина пратенички плати од тоа нема да го спасат. Политичката криза создава терен за битка. Многу пати до сега напишав и пак ќе повторам – партија се кали и јакне само низ битка.

Извор: plusinfo.mk
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото