1020 hPa
100 %
16 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 12:21
Се придружувам на синдикалниот проглас на: Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, Движењето за социјална правда ЛЕНКА и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).
ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ МОИ ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ, ЛУЃЕ КОИ ПОМИНАЛЕ МОИ ОБУКИ, ЛУЃЕ КОИ СЕ СОГЛАСУВААТ СО МОИТЕ СТАВОВИ, МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД ФБ, МОИТЕ КОЛЕГИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ, ДА СЕ ПРИДРУЖАТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА БОРБАТА ЗА РАБОТНИЧКИ ПРАВА.
1 МАЈ НЕ Е ДЕН ЗА ПАЛЕЊЕ СКАРИ, НЕ Е ДЕН ЗА ЕКСКУРЗИИ И ПРОСЛАВИ. 1 МАЈ Е ДЕН КОГА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА БОРБАТА ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА Е И НАША БОРБА.
ЗАТОА ШТО НЕМА ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ РАБОТНИЧКИ ПРАВА, НЕМА СЛОБОДА БЕЗ ОБЕЗБЕДЕНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА, НЕМА ЕДНАКВО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА БЕЗ УСЛОВИ ЗА ДОСТОИНСТВЕН И ИСПОЛНЕТ ЖИВОТ.
Пристојната работа е дефинирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ) како работа која е продуктивна и овозможува фер приход, безбедност на работното место и социјална заштита за семејството, можности за личен развој и социјална интеграција, слобода да се изразат грижите и интересите, можност да се учествува во одлуките кои влијаат на сопствениот живот и еднаков третман на жените и мажите (International Labour Organization).
Работниците во Македонија немаат пристојна работа. Правото на работа во Македонија е претворено во право на милостиња која државата ја фрла на граѓаните како изглодана коска.
Работниците немаат елементарни права.
Работниците се потрошна стока која најлесно може да биде заменета.
Работниците немаат заштита од самоволието на работодавачите.
Работниците ја изгубија можноста за достоинствен живот.
Македонија е уникатна држава во која луѓето не добиваат плата за извршената работа.
Државата стана сопственик кој ги нутка своите граѓани на продажба како евтина работна сила. Во 2013 година македонската Влада потпиша срамен договор со Катар со кој отворено ги продаде сопствените граѓани како робје.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ЗАЛАЖАТ СО ИГРИ И ЛЕБ. ВИЕ НЕ СТЕ РОБОВИ.
ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПРОТЕСТ.
ЈАС ЌЕ ИЗЛЕЗАМ.
Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk