Мини-светот на Исак Кордал

29.04.2014 16:08
Мини-светот на Исак Кордал

Со едноставниот чин на минијатуризација и внимателно сместување, Исак Кордал магично ги проширува просторите на имагинацијата на пешаците кои ги наоѓаат малите скулптурите на улиците. Неговите уметнички дела би требало да го освојат вниманието на човековиот обезвреднет однос кон природата преку критичкиот поглед на колатералните ефекти на еволуцијата.

Кордал е полн со емпатија кон малите луѓе и ситуациите во кои се наоѓаат - нивното слободно време, времето кога чекаат во јавниот превоз и трагичните моменти, несреќите, самоубиствата или семејните погреби.

Минималистичките скулптури можат да се најдат во олуци, на покриви од згради, на автобуски станици. Поставени во необични ситуации, симпатичните минијатури на Кордал можат да се најдат во Барселона, Нант, Берлин, Лондон и многу други градови.

Извор: ignant.de

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото