„Идиоти“ – уметничка група која создава вознемирувачка убавина

30.04.2014 11:15
„Идиоти“ – уметничка група која создава вознемирувачка убавина

Уметничките дела на „Идиоти“, уметничка група составена од тројца уметници, истовремено се застрашувачки и вознемирувачки убави. Афке Голдстеин, Рубен Танеја и Флорис Бакер создаваат уметност која е мешавина од скулптура, ракотворба, накит и препарирање.

Во делата на „Идиоти“, егзотичните птици се претвораат во скапоцени играчки кои стојат на стаклена гранка, украсени со бисери и накит.

И покрај фактот што некои гледачи можат да ја карактеризраат оваа уметничка форма како сурова или страшна, па дури и одвратна, таа истовремено може да се „чита“ како сведоштво за јазот помеѓу природата и капиталот, еден вид социјална критика.

„Мојата амбиција е да сонувам со отворени очи. Каде е прагот на фантазијата? Секоја вистина е обоена со фантазија. Се обидувам да раскажувам приказни со моите скулптури. И секогаш во нив е присутна дуалистичка емоција“, вели Афке Гојдстеин, членка на „Идиоти“.

Извор: www.ignant.de

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото