Имам нешто да ви кажам!!!

01.05.2014 01:14
Имам нешто да ви кажам!!!

Јас никад не би се признал дека сум јас, ако не сум јас. А ме има секаков. И тоа го признавам. И ден денес можете да ме најдете у сите можни облици и варијации на теми, и у Г-дур и у Ф-мол, осим у една. Само таму ме нема, јбг. Боки Бургија ни тад нема да го видите у издање на нечовек, а тоа имплицира дека Боки Бургија е ЧОВЕК на кој, пак, природно општествено му припаѓаат сите маани и доблести, овоземаљски гревови и добрини, позитивности и негативности, без разлика на едуцираноста, начитаноста, нашетаноста, животните искуства и так даљше.

Значи вака стојат работите:

Одлуката на Извршниот одбор на СДСМ дека едногласно не ги прифатиле мандатите добиени на последниве кобајаги избори, ја прифаќам оберучке, едносрчано и еднодушно, значи, ја прифаќам целосно како човек, замаљски грешник и покајник. И им порачувам на сите од Бихаќка дека мојата индивидуална борба против режимот на Боксерот, ќе продолжи на истиот начин и со истиот интензитет, таму каде што ми е дозволено, разбира се, можеби со позасилено темпо одошто беше до сега, но, нема да биде заради оваа нивна одлука. Зошто? Затоа што имам едно големо „НО“ и исто така едно ГОЛЕМО прашање до новото раководство на СДСМ, а имам и една неостварена желба, демек, имам једну жељу, голема проопозициска симпатизерска желба за огромно и недвосмислено ЕДИНСТВО на Бихаќка, која, тврдоглаво ем глупандерско утопистички ја посакувам заради иднината на моите поколенија, посебно после оваа осумгодишна таканаречена боксерска власт. Мојата иднина е веќе видена и потврдена. Таков сум, јбг другарице и другови, сакам да верувам и во нестварните нешта, и си верувам, ама и си признавам кога ќе се заебам. Нејсе...

Ако можев да прифатам да бидам прогласен за „мајмун“ качен на Лада пред Рекорд, од која извикував на глас: БРАНКО, РАДА, АНА, ЗОРАНЕ, ГОРДАНЕ..., ВЕСЛАТА ЦВРСТО ВО РАКА И СО СИЛЕН ЗАМАВ НАПРЕД, ОД ОВОЈ ПАТ ВРАЌАЊЕ НЕ СМЕЕ ДА ИМА, и од сите вас да добијам аплауз, а потоа, само од дел од вас, сето тоа да ми биде поништено и негирано, и да прифатам да се вратите во куќата на хоророт, таканаречениот Парламент, каде преку вас ме тепаа и малтретираа мене и моето семејство, да прифатам да одите на локални избори за кои однапред знаев дека се изгубени, исто како што знаевте и вие, наполно исто како што знаев и за сегашниве, и за тоа редовно ве опоменував, а ЈАС и понатаму продолжив да ве следам заради тоа што сакав да верувам дека сум погрешил, ондак, сега, јасно и гласно имам нешто да ви кажам:

Драга моја опозицијо, од мене, Боки звани Бургија, самопрогласениот ЧОВЕК, ќе ја имате сета искрена поддршка, ако после синоќешната одлука успеете уште нешто, а тоа е следново: Да ми го вратите ГОЛЕМОТО ЕДИНСТВО и духот на „Бела чао“ на Бихаќка, оноа единство и порив за борба од 24.12.2012 година, дека јасно и недвосмислено ќе ни укажете дека не правите разлика помеѓу Бургијашите и Отпорашите, помеѓу Бранковистите и Заевистите, дека не ви е целта да ги скарате вашите симпатизери, туку да ги обедините, ма што и да значело тоа за вашите суети. Или обратното, ама нека биде исто така јасно и гласно. Битно е да знаеме на што сме, каде сме и како планираме да одиме напред, без сето она што го барам претходно. До тогаш, слушајте музика од Боки Бургија Продакшн студиото. Ете, тоа имав да ви го кажам...

Извор: Плусинфо
Слика: Свирачиња