1024 hPa
28 %
28 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 09:59

„Жито за народот“ е краток документарен филм во времетраење од десет минути, снимен 1947 година во продукција на „Филмско Скопје“. Сценариото е на Јован Бошковски, снимател е Трајче Попов, а монтажата е на Бјењаш Воислав - Вања.
Филмот го прикажува откупот на жито од реколтата во 1947 година и дава приказ на достигнувањата во другите стопански гранки во НР Македонија.
За снимателската работа на „Жито за народот“, Трајче Попов добива одликување од владата на ФНРЈ.